За украинскиот град Хмелницки, според Анатолиј Бирко, војната е започната пред повеќе од една декада.
„Дури и да имав избор да не одам да се борам во војната, сепак ќе отидев. Дури и да не бев во војска ќе одев како волонтер или како изведувач”, вели Бирко.
На почетокот на март, Бирко беше ранет во регионот на Запорожје кога мина експлодираше во близина на ров каде што беше засолнет.
„Ровот се урна заедно со нас внатре во него, но успеавме да излеземе. Станав на нозе и тргнав да одам, никој не ме носеше, но подоцна почувствував дека ми се лоши, ми се вртеше во главата, па мојот командант ме натера да се евакуирам. Ми беше дијагностицирана трауматска повреда на мозокот и контузија”, раскажува Бирко.
Откако беше лекуван, Бирко се врати на првите борбени линии, а еден месец подоцна ја поднесе својата апликација за учество на Инвиктус игрите како член на украинскиот тим.
Од над 300 пријавени, за репрезентацијата беа избрани 35, меѓу кои и Бирко. Сите се ветерани и војници повредени за време на војната.
Олександр Маковеј беше капитен на репрезентацијата на Украина во 2023 година.
„Игрите се за рехабилитација, нови можности, нови пријатели, но секако спортот без медали не е спорт! Секогаш сакате да победите! Значи, тука е натпреварувачкиот елемент, но тој е многу нежен, така што момците не се загрижени доколку загубат како што би биле во редовните спортови”, вели Маковеј.
За време на Инвиктус игрите во 2023 година во Германија, Маковеј го освои златниот медал во седечко фрлање ѓуле.
Инвиктус игрите започнаа во 2014 година од страна на британскиот принц Хари. Украина првпат учествуваше во 2017 година. Следната година Инвиктус игрите се одржуваат во канадскиот град Ванкувер, Британска Колумбија и северно од градот во и околу Вистлер, град познат по своите зимски спортови.
За време на нивниот прв тренинг, украинскиот тим ги испроба сите видови спортови пред да одлучи во кој треба да се натпреварува.
„Сакам да му покажам на целиот свет дека Украина е многу силна и моќна земја, која има силни и издржливи војници – па дури и откако ќе се повредат, ќе изгубат екстремитети, ќе добијат повреди што не можете да ги видите со голо око – тие се уште се подготвени да се борат до крај”, вели Бирко.
Инвиктус игрите се одржуваат на секои две години. Игрите во 2025 година ќе започнат на 8 февруари во Ванкувер и ќе траат една недела.
Facebook Forum