Линкови за пристапност

Шефицата на германската дипломатија од Киев вети поддршка за Украина


АРХИВА - Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок присуствуваше на прес-конференција во германската амбасада во Декванех, Либан, 23 октомври 2024 година. Денеска таа вети поддршка за Украина.
АРХИВА - Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок присуствуваше на прес-конференција во германската амбасада во Декванех, Либан, 23 октомври 2024 година. Денеска таа вети поддршка за Украина.

Украинската војска објави дека соборила 50 руски дронови

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вети поддршка од нејзината држава за Украина за време на денешната посета на Киев на средба со украинските лидери.

Баербок рече дека на Украина и е потребна поддршка во време на руските воздушни напади додека ѝ следи уште една зимска сезона со дополнителна закана од воена поддршка на Северна Кореја за Русија.

„Ние се спротивставуваме на оваа бруталност со нашата хуманост и поддршка, за да Украинците не само што можат да ја преживеат зимата, туку и нивната земја да може да преживее. Зашто тие исто така ја бранат слободата на сите нас во Европа“, рече Баербок.

Украинската војска денеска соопшти дека противвоздушната одбрана на земјата соборила 50 од 80 беспилотни летала што руските сили ги користеле во нападите во текот на ноќта насочени кон области низ целата земја.

Пресретнувањата се извршени над регионите Черкаси, Чернихив, Керсон, Кироворад, Киев, Миколаев, Одеса, Суми и Житомир, соопшти украинското воздухопловство.

Официјални лица во Харков денеска известија дека во руски воздушни напади повредени се најмалку 13 лица.

Во Киев, официјални лица рекоа дека паѓањето на остатоци од соборените беспилотни летала предизвикало неколку пожари во главниот град на Украина.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека соборило едно украинско беспилотно летало над регионот Белгород што се наоѓа долж руско-украинската граница.

Дел од информациите за овој извештај се од Агенцијата Франс – прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG