Додека Израел ја продолжува својата офанзива во Либан, се` повеќе бегалци бегаат од конфликтот во соседна Сирија. Обединетите нации велат дека над четврт милион избегале, многумина Сиријци кои бараа засолниште во Либан од граѓанската војна во Сирија.
Се предупредува дека бројките би можеле да се зголемат доколку продолжат борбите, преоптоварувајќи ја Сирија и испраќајќи повеќе бегалци во Турција, создавајќи хуманитарна криза.
„Не зборуваме само за сириските бегалци кои се враќаат во Сирија, туку либанското население се сели, преминувајќи ја границата кон Сирија. А Сирија или ќе се обиде да ги затвори границите или ќе ги принуди да одат на север до турските граници. Ова навистина би довело до катастрофална ситуација за луѓето“, вели Метин Корабатир од истражувачкиот центар за азил и миграција.
Луѓето кои бегаат од Либан почнале да пристигнуваат во бегалските кампови во североисточна Сирија во близина на турската граница.
Кампот Вашокани е создаден за бегалците од сириската граѓанска војна, но тамошните власти велат дека се преоптоварени.
„Принудени сме да ги примиме затоа што се бегалци кои избегале од војната и немаат каде да одат. Ниту еден шатор не ни остана, не можеме да примиме дополнително лице“, посочува Абдулразак Мухамас, администратор на кампот.
Но, соседна Турција - која веќе е домаќин на околу 4,5 милиони бегалци, вклучително и над 3 милиони Сиријци - се соочува со зголемена реакција на јавноста поради нивното присуство.
На почетокот на оваа година тензиите се зголемија и имаше насилство врз бегалците. Аналитичарите велат дека ова прашање станало главна политичка одговорност за владата.
„Двата последни избори, прашањето за азилот, стана голема дебата. А опозицијата беше многу активна да создаде негативни перцепции во јавноста за бегалците“, вели Метин Корабатир од истражувачкиот центар за азил и миграција.
Анкара веќе изгради ѕид долж границата со Сирија во обид да спречи понатамошни бегалци да влезат во Турција. Аналитичарите велат дека владата е решена да спречи нов егзодус од последната војна на Блискиот Исток.
„Турција не сака дополнителни бранови да доаѓаат од друг регион бидејќи доживува економска криза. Инфлацијата во моментов е под контрола и очекуваме нејзино намалување. Значи, што значи уште еден бегалски бран? Многу трошење, инфлација, како и општествена безбедност. Затоа Турција нема да толерира уште еден бран“, вели Мурат Аслан од Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања.
Но, таквиот став веројатно ќе биде тестиран ако Израел продолжи со својата офанзива, создавајќи повеќе бегалци, а со тоа, ризик Турција да се соочи со хуманитарна криза на својата граница.
Facebook Forum