Линкови за пристапност

Турција се заканува со офанзива врз Курдите во Ирак


Турција се заканува со офанзива врз Курдите во Ирак
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Турција вели дека се подготвува да започне голема воена операција во Ирак против курдските бунтовници кои дејствуваат оттаму. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе стави крај на, како што вели, заканата од курдската бунтовничка група ПКК. Известува Доријан Џонс.

Веќе две години турските сили вршат воени упади кај својот сосед Ирак против базите на курдската бунтовничка група, позната како ПКК, која со децении се бори за правата на курдското малцинство во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека трајно ќе стави крај на заканата од ПКК и нејзините соработници во соседна Сирија.

„Во наредните денови тоа е закана за целите на ПКК долж околу 330 километри од границата со Ирак. Со обезбедувањето на границата со Ирак, Турција се очекува да создаде нов безбедносен коридор од 40 километри сличен на оној во Сирија“, вели Месут Казин, Советник на турскиот претседател.

Анкара овој месец е поттикната во својата борба против ПКК кога Багдад ја забрани курдската група.

Ердоган развива блиски врски со раководството на ирачката полуавтономна регионална влада на Курдистан.

Аналитичарите велат дека таквата соработка е од витално значење за целта на Анкара за искоренување на заканата од ПКК.

„Турција ќе се фокусира на капацитетот на ирачките безбедносни сили, заедно со оние на курдската регионална влада. Турција сака целосно опкружување на сите членови на ПКК во Ирак, а потоа да ги уништи“, смета Мурат Аслан, Фондација за политички, економски и социјални истражувања.

Во април, Ердоган треба да ги посети ирачката полуавтономна регионална влада на Курдистан и Багдад, се очекува во агендата приоритет да биде ПКК. Аналитичарите велат дека зголемената билатерална трговија, како и зголемениот меѓународен транзит преку Ирак до Турција, му даваат на Ердоган нова моќ со Багдад.

„Предноста е во развојниот пат што ја поврзува Басра со турската граница, и кој ќе донесе милијарди американски долари во Багдад. Проектот за да биде реален, треба да има стабилност и безбедност во Ирак. На некој начин, Анкара сака да ја препакува борбата против ПКК во рамките на тој проект“, додава Аслан.

Но, аналитичарите предупредуваат дека седиштето на ПКК е во ирачкиот планински регион Кандил, кој се граничи со Иран. Тоа значи дека секоја операција ќе бара соработка од Техеран.

„Планината Кандил е поделена меѓу Иран и Ирак. Секогаш кога се планира и спроведува операција во регионот, тие одат во Иран, уживаат во безбедно засолниште и се враќаат. Значи, оваа кампања треба да биде надополнета со иранските напори, но тоа не е гаранција. Ќе видиме што ќе се случи“, вели Ајдин Селцен, аналитичар за надворешна политика.

Ривалството меѓу Турција и Иран се зголемува низ целиот регион и аналитичарите велат дека Техеран можеби не сака да ги прифати барањата на Анкара, што дополнително ги зголемува тензиите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG