Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот туркменистански колега Сердар Бердимухамедов се состанаа овој месец во турскиот туристички град Анталија, каде беше потпишан договор за започнување со извоз на туркменистански гас во Турција.
Туркменистан има еден од најголемите светски резерви на природен гас и аналитичарите велат дека искористувањето на истиот може да биде клучно за Анкара да ја постигне својата цел да стане главен енергетски центар во регионот.
„Турција географски е сместена помеѓу земји што произведуваат енергија, земји богати со енергија и огромен пазар од 500 милиони население каква што е Европа. Целта е да станеме трговски центар за природен гас. За да го направиме тоа, треба да увеземе повеќе гас отколку што можеме да потрошиме, така што треба да имаме дополнителен природен гас за да можеме да се пазариме и извезуваме“, вели Митат Ренде, поранешен турски амбасадор во Катар.
Туркменистан бара диверзификација од својот примарен пазар, кој во моментов е Кина.
Во исто време, руската инвазија на Украина ја натера Европа да бара алтернативи за рускиот гас.
Сепак, аналитичарите предупредуваат дека за добивање на туркменистански гас во Турција е потребна соработка со Москва за изградба на гасовод под Каспиското Море.
„Можете да потпишете какви било договори што сакате (но) освен ако немате јасно разбирање и одобрување од Москва, тоа нема да оди никаде бидејќи рутата е или преку Каспиското Море до Азербејџан, Грузија, Турција, или другата опција е преку Иран”, вели Мехмет Огутчу од Лондонскиот енергетски хаб.
Москва ги попречи аспирациите на турскиот енергетски центар работејќи на монополизирање на европската продажба. Меѓутоа, со западните санкции што го затворија рускиот гас надвор од европскиот пазар, Москва сега сака да и продаде гас на Кина.
Аналитичарите велат дека подобрувањето на врските меѓу Анкара и Вашингтон може да му даде поттик на рускиот претседател Владимир Путин да ги толерира, па дури и да ги прифати аспирациите на Турција.
„Ако има разбирање од руска страна дека сакаат да ѝ попуштат на Турција за некои од овие механизми, да ја држат Турција поблиску до нив и да ги опсипат со подароци, можеби ќе попуштат на тоа”, вели Јорук Исик од Институтот за Блискиот исток.
Аналитичарите велат дека целта на Ердоган да го направи Истанбул центар за трговија со енергија ќе зависи од тоа колку добро турскиот лидер ќе ги балансира односите меѓу Москва - и неговите западни сојузници во НАТО.
Facebook Forum