Катар ги прекина напорите за посредување меѓу Хамас и Израел во ноември и објави дека преговарачите на милитантната група ја напуштиле заливската држава. Оттогаш Вашингтон ја предупреди Турција да не биде домаќин на лидерите на Хамас.
„Ние веруваме дека лидерите на злобна терористичка организација не треба да живеат удобно насекаде“, рече Меју Милер, портпарол на Американскиот стејт департмент.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е цврст поддржувач на Хамас и ја опишува групата како ослободително движење, дури и прогласи национален ден на жалост за убиениот лидер на Хамас Исмаил Ханије.
Аналитичарите велат дека лидерите на Хамас биле редовни посетители на Турција.
„Тие со години доаѓаат во Турција. Ханије, кој беше убиен од Израелците во Техеран, беше во Турција на 7 октомври 2023 година“, вели Соли Озел, од Институтот за хуманистички науки.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека нема планови Хамас да отвори политичко биро во Турција, но Анкара инсистира дека ќе продолжи со својата политика на ангажирање и прифаќање на членовите на Хамас.
„Анкара ќе ја продолжи својата позиција [домаќин на Хамас], број еден. Второ, тие ќе го продолжат дијалогот со Хамас со цел да се воспостави мир. Итно ни требаат мир и стабилност. И ако ја прекинеме врската со Хамас, со кого ќе разговарате?“, смета советникот на турскиот претседател, Месут Касин.
Израел го напаѓа раководството на Хамас, но досега нема пријавени напади во Турција. Израел вели дека Хамас, терористичка група означена од САД, не треба да ја смета Турција за безбедно засолниште.
„Според израелските лидери, не. Ќе ги најдат овие лидери на Хамас и ќе ги таргетираат каде и да ги најдат. Но, морам да кажам дека Турција му се закани на Израел да не дејствува на негова територија. Значи, повторно, ова создава непотребни тензии во регион кој веќе страда од толку многу тензии“, смета Галиа Линденштраус од Институтот за национално безбедносни студии.
Хамас сè уште држи повеќе од стотина Израелци како заложници, а аналитичарите велат дека и покрај осудата на Турција од страна на Израел поради нејзините врски со Хамас, врските на Анкара остануваат корисни за Израел.
Ова беше очигледно кога извештаи открија дека шефот на израелската разузнавачка агенција Шин Бет се сретнал во Турција со неговиот турски колега.
„Турција и Израел имаат еден начин да се однесуваат меѓу себе во јавност и друг начин да се справуваат меѓусебно дипломатски и во безбедносната соработка. Тоа отсекогаш било така“, додава Озел.
Израелците го пофалија новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како цврст поддржувач на Израел, што натера некои овде да предупредат дека врските со Хамас се закануваат да бидат голема одговорност за Турција и значајна точка на тензија со новата американска администрација.
Facebook Forum