На минатонеделниот Самит за делување на вештачката интелигенција во Париз, светските лидери и технолози се собраа за да разговараат за полето на генеративната вештачка интелигенција што брзо се развива, мерејќи ги ризиците наспроти наградите.
„Кој одлучува кои проблеми вештачката интелигенција треба или не треба да ги решава? Кој најмногу ги користи нејзините примени? Кој ги носи трошоците за нејзините грешки? Овие прашања влијаат на сите и затоа одговорите мора да вклучуваат и сите”, истакна Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Трката за изградба на најдобрата вештачка интелигенција стана геополитичка, а прашањата околу безбедноста и управувањето достигнуваат врв.
Некои, како американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, ја застапуваат позицијата за помалку регулација.
„Развојот на најсофистицираната вештачка интелигенција во САД не е случаен. Со зачувување на отворена регулаторна средина, ние им овозможивме на американските иноватори да експериментираат и да направат неспоредливи инвестиции во истражување и развој“, рече Ди Венс.
САД и Велика Британија одбија да ги додаат своите имиња на декларацијата која повикува на поклузивна и одржлива вештачка интелигенција, но Кина ја потпиша.
Портпаролот на Велика Британија изјави дека нема доволно практична јасност за глобалното управување. Што се однесува до САД, заканата од експлоатација од страна на државните актери поттикна попротекционистички став.
„Некои авторитарни режими украдоа и користат вештачка интелигенција за да ги зајакнат своите воено-разузнавачки и надзорни капацитети, да преземат странски податоци и да создадат пропаганда за да ја поткопаат националната безбедност на другите земји. Сакам да бидам јасен: оваа администрација целосно ќе ги блокира таквите напори. Ќе ги заштитиме американските технологии за вештачка интелигенција и чипови од кражба и злоупотреба“, додаде Ди Венс.
Се чини дека ставот е во спротивност со американските компании за вештачка интелигенција како Опен еј-ај, креаторот на Чет џи-пи-ти.
„Дали сме загрижени за Кина? Би сакале да работиме со Кина”, истакна Сем Алтман, извршен директор на „Open AI“
„Дали сигурно го знам тоа? Не. Дали треба да се трудиме колку што можеме? Апсолутно, да. Мислам дека тоа е многу важно".
Некои велат дека отворениот пристап за соработка може да предизвика поголема безбедност во вештачката интелигенција.
„Идејата дека технологијата може да биде транспарентна, секој може да види како функционира и можете да ја поправите, всушност е пријател на безбедноста”, вели Марк Сурман, претседател на Мозила.
Без разлика дали трката за вештачка интелигенција ќе се насочи кон регулација или безбедност, самитот треба да послужи како повик за будење, рече францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ако им дозволиме на Американците и Кинезите да ги имаат шампионите само за себе, можеме да бидеме сигурни во една работа: Можеби ќе имаме најдобри регулации на светот, но нема да регулираме ништо. Затоа, ние сме во трката, целосно сме посветени и ќе ја доведеме до крај”, истакна Макрон.
Во глобалната трка за вештачка интелигенција, да се остане конкурентен значи да се постигне вистинската рамнотежа помеѓу иновациите и регулативата.
Facebook Forum