Линкови за пристапност

Трамп поддржува разговори за денуклеаризација со Русија и Кина


Трамп поддржува разговори за денуклеаризација со Русија и Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:02 0:00

Застапниците за контрола на оружјето се надеваат дека новиот тон од претседателот Доналд Трамп за поддршка за денуклеаризација ќе доведе до разговори со Русија и Кина за намалување на нуклеарното оружје. Стив Херман известува од Белата куќа.

Преговорите на САД со Русите и Кинезите за денуклеаризација и евентуални договори се „многу можни“, според претседателот Доналд Трамп, кој неодамна се обрати на Светскиот економски форум.

„Се трошат огромни суми пари на нуклеарно оружје, а деструктивната способност е нешто за што не сакаме ни да зборуваме денес бидејќи не сакате да слушнете. Премногу е депресивно“, рече Трамп.

За време на Студената војна, една генерација ученици слушнале за тоа и беа обучувани да преживеат ненадеен атомски напад.

Таквите наставни филмови не илустрираа како експлозијата може да ги збрише нивните соседства. Тоа беше експлицитно наведено со нуклеарното тестирање на владата на САД во пустината Невада во 1950-тите.

Од 1945 година, кога Соединетите Држави фрлија две атомски бомби врз Јапонија за да ја завршат Втората светска војна, евидентно е како радијацијата пече по кожата и го прави тешко болен секој, што ќе успее првично да преживее таков нуклеарен напад.

Ужасот од сето тоа на крајот поттикна јавни демонстрации и дипломатија да го намали или да се направи обид да се елиминира нуклеарното оружје.

Девет земји во моментов имаат нуклеарни арсенали, иако Израел никогаш не признал дека поседува такво оружје. САД и Русија имаат по повеќе од 5.000 нуклеарни боеви глави или 90 отсто од вкупниот број во светот.

Комбинираната глобална сила на нуклеарното оружје на сите земји, според застапниците за контрола на оружјето, може да го уништи светот 10 до 50 пати.

Сегашниот договор „Нов СТАРТ“ меѓу Вашингтон и Москва - со кој се ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави и системи за испорака - истекува околу една година од сега (на 6-ти Февруари, 2026 година).

Тоа поттикнува на итност за повикот на претседателот Трамп за разговори со Русија и Кина, забележува Шидајаон Лианг од Здружението за поголема контрола на оружјето.

„Ова прашање мора да биде на врвот на агендата и да има сигнал дека претседателот е загрижен за ова прашање“, вели Лианг.

Во американскиот Институт за мир, Билтенот на атомските научници ги придвижи стрелките на својот „Часовник на судниот ден“ една секунда поблиску до полноќ, со цел да ја потенцира опасноста од оружјето за масовно уништување и другите егзистенцијални закани.

Додека „Часовникот на судниот ден“ е само симболичен, аналитичарот Шидајаон Лианг го гледа како годишен важен ритуал кој ги истакнува ризиците за Американците, и за сите останати што ги претставуваат светските нуклеарни арсенали.

„Тоа е добра алатка за да се привлече вниманието на повеќе луѓе и не можете да ги обвинувате Американците што имаат толку многу други предизвици. Да се има овој (часовник) како потсетник, мислам дека е ефективна алатка за комуникација“, смета Лианг.

Поминаа повеќе од четири години откако САД биле вклучени во какви било преговори за денуклеаризација.

Разговорите во Шведска меѓу првата администрација на Трамп и севернокорејските претставници не дадоа никаков резултат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG