Двајцата претседателски кандидати имаат различни видувања за неколку теми, но Камала Харис и Доналд Трамп и двајцата се согласуни за едно прашање: заканата од Кина.
Роберт О’Брајан служеше како советник за национална безбедност за време на администрацијата на Трамп.
„Мислам дека заканата со која се соочуваме од Кина е многу посериозна отколку таа со Советскиот Сојуз во Студената војна“, вели О'Брајан и додава дека САД треба да се справат со Кина преку демонстрација на сила.
„Тоа не е само воена сила. Тоа е економска сила. Тоа е дипломатска сила. Тоа е мека моќ и културна сила. Тоа е она што ги плаши нашите противници“, вели О'Брајан.
Што се однесува до економијата, и администрациите на Трамп и Бајден користеа царини за да се спротивстават на она што тие го опишуваат како Кина продава евтини производи во странство, што ја прави конкуренцијата тешка за американските бизниси.
„Кина ќе го преземе целиот ваш бизнис поради електричните автомобили и поради евтините материјали. Ние не“, вели Трамп.
Трамп предлага царини до 60 отсто за кинескиот увоз. Харис, исто така, ја признава американско-кинеската конкуренција.
„Ќе се погрижам во иднина да го водиме светот кон вселената и вештачката интелигенција. Америка, а не Кина, ќе победи на натпреварот“, вели Харис.
„Таа поддржа некои од ограничувањата во трговијата што ги поддржа и администрацијата на Бајден. Но, таа сигурно не е таква личност“, смета Џереми Сури од Универзитетот од Тексас.
Аналитичарите велат дека Трамп е повеќе посветен на тоа.
„Веројатно мојот прв повик, ќе го повикам претседателот Шји Џјинпинг и ќе му кажам: 'Морате да го почитувате договорот што го направивте. Склучивме договор за да купите американски земјоделски производи во вредност од 50 милијарди долари', и ви гарантирам, тој ќе го направи тоа“, истакна Трамп.
Во областа на надворешната политика, О'Брајан вели дека е важно да се градат сојузи со истомисленици.
„Имаше време кога Америка можеше сама да го преземе товарот. Не можеме повеќе сами“, смета О'Брајан.
Еден експерт вели дека Трамп се одвоил од традиционалната републиканска надворешна политика за воспоставување силни сојузи.
„Трамп едноставно не е заинтѕересиран за сојузништва туку повеќе за самите нас“, додава Ричард Мареј од Универзитетот од Хјустон.
Со зголемената изборна реторика поради кинеската конкуренција и безбедносните закани, некои Американци стравуваат дека вистинските губитници може да бидат Азиските Американци и Кинезите кои живеат во САД, вели Стивен Пеи, кој емигрирал во САД од Тајван и работи како универзитетски професор.
„Тие сметаат дека САД се соочуваат со закана, закана на цело општество од Кина. Тогаш е потребен одговор на целото општество за да се справи со оваа закана: од фабриките, студентите, истражувачите од Кина. Ќе бидам етикетиран затоа што луѓето не можат да кажат, дали сум од Тајван или од Кина или пак, од Кореја?“, прашува Пеи.
Со реториката на Трамп, некои Азиски Американци се загрижени за зголеменото антикинеско расположение доколку тој биде избран, но азиско-американските републиканци велат дека се надеваат дека Трамп, бидејќи е бизнисмен, може да направи договор со Кина од кој ќе имаат корист сите во Америка.
Facebook Forum