Линкови за пристапност

Трамп го засилува притисокот врз Русија да почне мировни преговори со Украина


Трамп го засилува притисокот врз Русија да почне мировни преговори со Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Само неколку дена од неговото претседателствување, Доналд Трамп го засилува притисокот врз Русија да започне мировни преговори со Украина. Русија ги отфрли заканите на Трамп дека САД ќе воведат нови санкции и царини за Кремљ. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.

Дваесетина жртви се повредени од руски ракетен напад во во украинскиот град Запорожје. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди нападот на неговиот профил на Телеграм и повика на дополнителни санкции против Русија.

Новиот американски претседател Доналд Трамп го обнови повикот до двете страни да ја прекинат војната.

„Нашите напори да обезбедиме мировно решение меѓу Русија и Украина се во тек. Многу е важно тоа да се заврши“, рече Трамп.

Трамп на својата платформа за социјалните мрежи „Вистина“ напиша дека иако не сака да и наштети на Русија, таа мора да постигне мировен договор или да се соочи, цитира, „високи нивоа на даноци, тарифи и санкции за сè што Русија им продава на Соединетите Американски Држави“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги отфрли заканите.

„Не гледаме некои особено нови елементи. Остануваме подготвени за дијалог“, посочи Песков.

САД со Трамп на власт имаат моќ, велат некои аналитичари.

„Тој би можел да продолжи да ѝ дава оружје на Украина. Би можел да ги искористи замрзнатите средства од 300 милијарди долари на руската Централна банка“, вели Стивен Пајфер, експерт за надворешна политика.

„Најдобрата предност што ја имаат САД е тоа што можат да продолжат да ги држат заедно своите европски сојузници и да се справуваат со Кина“, смета Метју Шмит, експерт за национална безбедност.

На Светскиот економски форум во Давос, генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека Европската унија мора да ја зголеми финансиската поддршка за Украина сега, бидејќи руската победа би била уште поскапа за Алијансата на долг рок.

„Тоа нема да биде милијарди, туку трилиони дополнителни. Затоа што ако Украина загуби, ќе се одрази врз остатокот од НАТО. Повторно, тоа ќе биде многу, многу повисока цена од она што го размислуваме во овој момент. Да ги зголемиме нашите трошоци и да го зголемиме индустриското производство“, посочи Руте.

Руте, исто така, предупреди дека избрзаниот, но неповолен мировен договор за Украина би бил геополитички, цитирам, „голема грешка“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG