Руските власти соопштија денес дека напади со украински беспилотни летала биле насочени кон енергетски објекти во два региона во југозападна Русија.
Гувернерот на Волгоград Андреј Бочаров изјави дека остатоци од беспилотни летала уништени од руската противвоздушна одбрана предизвикале пожар во нафтена рафинерија.
Гувернерот на Астрахан Игор Бабушкин, рече дека украинските напади биле фокусирани на објекти за гориво и енергија, предизвикувајќи пожар во неговиот регион, но не предизвикале жртви.
Официјалните лица не дадоа детали за локациите вклучени во нападите.
Руското министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека во текот на ноќта соборило 71 украински беспилотно летало, вклучително и над регионите Ростов, Волгоград, Астрахан, Воронеж, Белгород и Курск.
Гувернерот на Белгород Вјачеслав Гладков, на Телеграм изјави дека нападите оштетиле три куќи и земјоделски бизнис.
Украинската војска во понеделникот соопшти дека уништила 38 од 71 беспилотно летало што руските сили ги лансирале во нападите во текот на ноќта.
Гувернерот на Черкаси Игор Табуретс, на Телеграм изјави дека остатоци од беспилотни летала оштетиле четири станбени згради.
Гувернерот на Харков Олег Синиехубов, изјави дека рускиот напад оштетил училиште.
Одредени информации во текстот се од Ројтерс