Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на луѓето во Северна Каролина дека „биле третирани многу лошо“ од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден по ураганот Хелен во септември минатата година.
„За жал, нашата влада потфрли. Но, тоа не беше влада на Трамп. Тоа беше влада управувана од Бајден. Многу ужасна ситуација', рече Трамп.
Трамп особено ја критикуваше работата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби или ФЕМА.
ФЕМА одговори на ураганот Хелен, а шефот на кабинетот на агенцијата за време на администрацијата на Бајден, Мајкл А. Коен Џуниор, рече дека Трамп е „погрешно информиран“ за агенцијата.
Трамп им кажа на претставниците на Северна Каролина дека ќе потпише извршна наредба за да започне со реформата на Федералната агенција за вонредни ситуации.
„Искрено мислам дека ФЕМА не е добра. Сметам дека кога имате ваков проблем дека сакате да одите и без разлика дали е демократски или републикански гувернер, сакате да ја искористите вашата држава за да го поправите проблемнот, а не да губите време со повикување на ФЕМА”, истакна Трамп.
Слетувајќи во Лос Анџелес, Трамп беше пречекан од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.
„Ви благодариме што сте тука, тоа значи многу за сите нас. Ќе ни треба вашата поддршка и вашата помош", рече Њусом.
Трамп, придружуван од првата дама, го посети местото на пожарот во Палисадес што однесе најмалку 11 живот и уништи и оштети речиси 8.000 објекти.
По средбата со локалните жители и првите реагирачи на Брифингот за итни пожари, тој рече дека федералната влада стои зад Калифорнија „100%“.
„Ние ќе се откажеме од сите федерални дозволи, ќе ве натераме да одите многу побрзо затоа што федералната дозвола може да потрае 10 години. Ние нема да го сториме тоа, не сакаме да чекаме 10 дена“, истакна Трамп.
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, рече дека ќе помогне за тоа и на локално ниво.
„Ќе направиме се што можеме: намалување на регулативите, забрзување на сè за луѓето да можат веднаш да го започнат процесот”, посочи Бас.
Трамп исто така спомена дека водните политики на Калифорнија довеле до тоа да се испушта премногу вода во Тихиот Океан, наместо да се снабдува градот Лос Анџелес, што, според него, го влошило последниот пожар.
„Потпишувам извршна наредба за да ги отвориме пумпите и вентилите на север. Сакаме да ја пуштиме водата да тече овде што е можно побрзо, да дозволиме стотици милиони галони вода да течат во Јужна Калифорнија. Ќе ви кажам на кого му се допаѓа тоа - тоа е Противпожарната служба“, истакна Трамп.
Додека резервоарот Санта Јнез со капацитет од 177 милиони галони, близу до Пацифик Палисадес, беше затворен за поправка кога пожарот избувна во таа област, Летиша Крениер, директорка за водни политики при Институтот за јавни политики на Калифорнија, рече дека нема никаква врска помеѓу пожарите во Јужна Калифорнија и пренасочувањето на водата на север од страна на државата.
„Резервоарите во Јужна Калифорнија се полни и таму нема ограничување во снабдувањето со вода", рече Крениер.
Голем процент од пожарите во Лос Анџелес Палисадес и пожарот Итон се главно локализирани. Со 28 жртви и над 16.000 уништени објекти, градот гледа на долг пат на закрепнување пред него.
Facebook Forum