Линкови за пристапност

Ќе го подготвиме Гвантанамо за 30.000 илегални имигранти, најави претседателот на САД


Тој рече дека ќе му наложи на Пентагон и на Одделот за домашна безбедност да подготват затвор за илегални имигранти.
Тој рече дека ќе му наложи на Пентагон и на Одделот за домашна безбедност да подготват затвор за илегални имигранти.

Вашингтон - Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе нареди отворање на затворот Гвантанамо за да бидат префрлени 30.000 имигранти кои се илегално во САД.

Тој рече дека ќе му наложи на Пентагон и на Одделот за домашна безбедност да подготват затвор за илегални имигранти.

„Имаме 30.000 места во Гвантанамо за најлошите илегални имигранти криминалци, кои се закана за американскиот народ. Некои од нив се толку лоши што не можеме ни да им веруваме на нивните земји дека ќе ги задржат и не сакаме да дојдат. Еве, па, ќе ги испратиме во Гвантанамо.“ „Тешко е да се излезе од таму“, рече Трамп во Белата куќа.

Претседателот го најави ова пред да го потпише Законот за Лејкен Рајли - неговиот прв предлог-закон усвоен од Конгресот, а кој стапи во сила со потписот на Трамп.

Овој закон е именуван по Лејкен Рајли, девојка од Џорџија која беше убиена од илегален имигрант од Венецуела, претходно уапсен за грабеж. Актот предвидува апсење и потенцијална депортација на илегални имигранти кои претходно биле обвинети за дела како грабеж или насилство, дури и ако не биле осудени за нив.

„Ќе ги испратиме во Гвантанамо“, рече Трамп на церемонијата на потпишување на законот.

Конгресот го усвои првиот предлог-закон на Трамп - за апсење илегални имигранти. Гвантанамо е американска воена база на Куба која служела како затвор за осомничени за тероризам.

Затворот е отворен со одлука на тогашниот претседател Џорџ Буш по нападите врз САД на 11 септември 2001 година.

Меѓутоа, покрај затворот за осомничени за тероризам, има и посебен објект кој служи како центар за притвор за илегални имигранти, а таму со години се сместени Кубанци и Хаиќани кои сакаат илегално да стигнат до САД по море.

XS
SM
MD
LG