Линкови за пристапност

Интервју: Арбен Таравари зборува за преговорите за нова влада


Интервју: Арбен Таравари зборува за преговорите за нова влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:00 0:00

Се надевам во понеделник и во среда да продолжат разговорите. Начелно веќе имаме Влада во доаѓање и се надевам дека од 1 до 5 јуни ќе имаме нова Влада на Република Македонија, вели Арбен Таравари, еден од лидерите на ВРЕДИ, во разговор за Гласот на Америка .

Глас на Америка: Кои места инсистирате да ги добиете во идниот владин состав?

Арбен Таравари: Генерално не е разговарано воопшто за кадровски решенија и за поделба на ресори, освен што програмата е усогласена, кои се најважните точки на следното владеење и тоа ќе се базира на три столба. Првиот е евроинтегративниот пат на Македонија, вториот е бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и правна држава и третата точка е економски развој на државата.

Ова се трите столба на договорот меѓу ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ. Јас не можам да кажам ништо, бидејќи не е разговарано ништо за поделба на места. Се надевам дека набргу работните групи ќе седнат за да ги усогласат програмите на двете коалиции ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ, а потоа во втората етапа ќе разговараме за кадровски решенија. Јас се надевам дека за една недела до десет дена ќе почнеме и за тоа да разговараме.

Во меѓувреме ќе се подготвуваат тимовите и ќе видат до каде сме со поделба на министерските ресори и директорските места. Нормално дека и ние би сакале да покажеме дека и албанскиот дел од Владата, која ќе владее наредните четири години ќе знае да умее и владее со добри кадри, кои што се професионалци.

Глас на Америка: Кои се вашите услови од кои нема да отстапите за да влезете во Влада?

Арбен Таравари: Тоа се трите столбови. Тоа се трите главни работи на кои ќе инсистираме. ЕУ-интеграцискиот пат на Македонија е несомнено работа, на која интензивно ќе работиме во наредниот период, за да се изнајде решение, што побргу, тоа подобро.

Правната држава е многу важна и за тоа ќе се залагаме максимално. Борбата против криминалот и корупција, ќе биде бескомпромисна. За тоа сме усогласени да нема пардон кон никого, дали е од ВЛЕН, СДСМ, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ, секој кој ја злоупотребил функцијата ќе треба да одговара. Само така може да порасне кредибилитетот на идната Влада, луѓето да ни веруваат, дека сериозно размислуваме за реформи во државата.

Деполитизација на институциите и враќање на довербата во институциите на системот. И во меѓувреме децентрализација и економски развој на државата. Тоа мора да го покажеме во првата година до локалните избори, бидејќи во октомври идната година пак ќе имаме гласање. Така да мора да ја вратиме довербата во институциите на системот.

Глас на Америка: Како ја коментирате изјавата на Ахмети дека се втора сила во земјaта, дека на државата ѝ треба стабилност и иднина, како и дека играта сè уште не е започната?

Арбен Таравари: На Ахмети му посакувам успешна опозиција. Една партија не е партија, ако не е во опозиција. Таму се девет партии, не е само Ахмети. Јас му посакувам прво да ги задржи коалициските партнери, бидејќи веќе има најави дека одредени политички партии можат да се движат кон Владата. Се надевам дека Ахмети е свесен, дека е добро за државата и за Албанците, за општеството, еден период да бидат ослободени од ДУИ и им посакувам еден период убаво опозиционерство. И со него ќе се видиме повторно на локалните избори, но сега ние ќе организираме избори, и ќе видиме колку вредат и колку тежат навистина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG