Линкови за пристапност

Тајван ги засили вежбите кај населението за воена опасност


Тајван ги засили вежбите кај населението за воена опасност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Вежбите вклучуваат обука за воздушен напад, со цел да се крене јавната свест за тоа како да се одговори на напад од Кина и каде да се побара засолниште. Официјалните лица имаа за цел да ги направат овогодинешните вежби што е можно пореални. Известува Вилијам Јанг од Тајпеј. .

Кога се слушнаа сирените и сообраќајот запре, патниците од метрото беа упатени во подземни засолништа. Фокус на вежбата: симулирање на ракетен напад. Некои се собраа на подземни паркинзи како овој и клекнаа, подготвувајќи се за удар.

Брајан Чен бил на пат кон сала за вежбање кога започнала вежбата.

„Ваквите вежби се важни затоа што ако еден ден се случи сериозна катастрофа, Тајванците ќе бидат подготвени. За разлика од вежбите во минатото, кои беа порелаксирани, вежбите за воздушни напади во последните години станаа построги. Обемот на вежбите се прошири во последните две години“, вели Чен.

„Овогодинешните вежби ни помагаат да разбереме колку сме блиску до опасноста од кинеската војска. Мораме да бидеме подготвени за заканите од кинеските борбени авиони во секое време“, додава артистот Тим Хуанг.

Тајван, исто така, спроведува серија „неподготвени“ воени вежби со цел да ги зајакне способностите на војниците да одговорат во вистинска борба. Овојапт вежбите ги отстранија главно елементите за перформанс од претходните вежби.

Аналитичарите велат дека промените имаат за цел да ја зајакнат довербата во способностите на војската. Сепак, Тајванците остануваат поделени околу довербата во војската.

„Тајван е многу обединет и многу од нас се резервисти кои добија многу строга обука. Јас сум еден од нив“, вели Џексон Ванг, пензионер.

„Од она што го слушнав или врз основа на искуствата на моите пријатели кои служеа во војската, немам голема доверба во борбените способности на тајванската војска“, вели Лиза Лиу, рецепционерка.

Некои велат дека вежбите не се доволни и дека Тајван може да стори повеќе за да се подготви за потенцијален конфликт.

„Единствениот начин да се спречи војна е да се биде подготвен за војна. Не можеме да продолжиме да се преправаме дека сè е мирно“, додав артистот Хуанг.

Хуанг вели дека со оглед на растечките закани од Кина, Тајван треба да ги направи идните воени вежби уште пореални за вистинска борба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG