Линкови за пристапност

СЗО повика да се прекинат нападите врз болниците во Газа


Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус 
Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус 

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денес дека здравствениот систем во појасот Газа е „под сериозна закана“ како што повика на прекин на израелските напади врз болниците.

„На луѓето во Газа им треба пристап до здравствена заштита. На хуманитарците им е потребен пристап за да обезбедат здравствена помош. Прекин на огнот“, се вели во соопштението на Тедрос.

Тој, исто така, повика на итно ослободување на Хусам Абу Сафија, директор на болницата Камал Адван во северниот дел на Газа, кој минатата недела беше приведен од израелските сили заедно со повеќе од 200 Палестинци.

Израелската војска соопшти дека болницата ја користеле милитанти и дека Сафија била испрашуван како осомничен член на Хамас.

Болницата беше една од последните функционални болници во северниот дел на Газа.

„Болницата Камал Адван во северниот дел на Газа не е во функција - по рацијата, принудната евакуација на пациентите и персоналот и притворањето на нејзиниот директор, д-р Хусам Абу Сафија пред два дена. Неговото место е непознато“, рече Тедрос.

Шефот на СЗО, исто така, рече дека партнерите на агенцијата биле во можност да вршат испорака на медицински материјали, храна и вода до индонезиската болница во северниот дел на Газа.

Конфликтот во Газа започна со нападот врз јужен Израел во октомври 2023 година, кога милитантите на Хамас убија околу 1.200 луѓе и зедоа 250 заложници.

Околу 100 заложници се` уште се држат во Газа, а една третина од нив се верува дека се мртви.

Во израелската контраофанзива во Газа загинаа повеќе од 45.500 луѓе, а повредени се 108.000 други, според Министерството за здравство на Газа.

САД, Обединетото Кралство, Европската Унија и други, го прогласија Хамас за терористичка група.

Некои информации во текстот се од агенцијата Франс-прес и Ројтерс

Поврзано

XS
SM
MD
LG