Линкови за пристапност

СЗО евакуира 100 лица од Газа, апелира за медицински коридори


Газа има потреба од медицински коридори“, изјави за новинарите Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО за окупираната палестинска територија.
Газа има потреба од медицински коридори“, изјави за новинарите Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО за окупираната палестинска територија.

Светската здравствена организација во четвртокот соопшти дека евакуирала речиси 100 луѓе од Појасот Газа во Обединетите Арапски Емирати и повика на редовен, одржлив систем на медицински трансфери за да им се помогне на илјадници луѓе на кои им е потребна грижа.

„Газа има потреба од медицински коридори“, изјави за новинарите Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО за окупираната палестинска територија. „Ни треба подобро организиран и одржлив систем“, рече тој.

Пиперкорн рече дека има 10.000 луѓе во Газа кои чекаат медицински трансфер. СЗО, исто така, објави извештај во четвртокот во кој се вели дека една четвртина од повредените во војната во Газа до крајот на јули „се проценува дека имаат повреди кои го менуваат животот и бараат услуги за рехабилитација сега и во наредните години“.

Тешките повреди на екстремитетите беа најголемата потреба за рехабилитација, додека исто така има големо зголемување на бројот на повреди на 'рбетниот мозок, трауматски повреди на мозокот и големи изгореници, соопшти СЗО.

Меѓу повредените има „многу илјади жени и деца“.

СЗО, исто така, ги истакна зголемените предизвици во обезбедувањето на потребната грижа поради несигурноста, недостатокот на залихи, нападите и наредбите за евакуација поради што многу медицински установи не можат да функционираат.

XS
SM
MD
LG