Линкови за пристапност

Спортистите во битка за хокејот за слепи да стане параолимписка дисциплина


Спортистите во битка за хокејот за слепи да стане параолимписка дисциплина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

Членовите на тимот на Њујорк Метро Блајнд Хокеј, се играчи со оштетен вид и учат и играат адаптивна форма на хокеј на мраз со неверојатна вештина. Овие инспиративни спортисти покажуваат дека решителноста не познава граници. Арон Федор ја има приказната.

„Ова е хокејска плочка или 'пак' со нормална големина. Ова е пак за хокеј на слепи. Овој пак нема звук. Има осум лежишта во него, така што играчите не само што го слушаат како се лизга на мразот, туку и го слушаат како се движи низ воздухот. И, кога ќе ги прашам како знаат, тие велат: 'Го слушаме пакот во воздухот. Го слушаме звукот', објаснува тренерот Ед Кериган.

„Дознав за лигата кога мајка ми се распрашуваше околу спорт за мене и кога дозна дека на училиште ми оди многу лошо на часовите по теретана. Наставникот по теретана секогаш велеше: „Не, имаш оштетен вид. Не ти е дозволено да бидеш во теретана. Ќе се повредиш“, вели младиот хокејар Јаков.

Тој додава дека кога првпат облекол лизгалки, бил многу исплашен.

„Бев крајно исплашен. Мајка ми буквално мораше да ме одвлече на мразот и тогаш сфатив, па, тоа и не е толку лошо“, вели Јаков.

„Во основа исто е како и во нормалниот хокеј, освен што кога ќе се помине сината линија, судијата има електронски свиреж. Мора да направат едно додавање пред да можат да шутираат. Тој свиреж им дава до знаење дека мора да направат додавање. Исто така, му дава до знаење на голманот дека има потенцијален удар кон мрежата. Штом пакот ќе падне на мразот, тука е крајот, додека во во обичниот хокеј сè уште може да играте. Така е во основа во редовниот хокеј. Имаме почетници во моментов но, и улчесници во националнен тим“, вели тренерот Кериган.
Тренерот се надева дека хокејот ќе стане параолимписки спорт. Во моментов, не е. Целта е до 2028 година во Лос Анџелес. Се надеваме дека ќе стигнат до таму.

„Јас всушност се занимавав со џудо долго време, од 2013 година наваму, и имав можност да се натпреварувам на параолимписките игри. Решив да се префрлам на тимски спорт и да видам како е. Дефинитивно сакам да стигнам до точка каде што можам да бидам дел од тимот на САД. Тоа би било прекрасно“, вели Сае Чунг, хокејарка.

„Прекрасно се забавуваат тука... едноставно се дружат и со други лица со оштетен вид. И тоа е заедница која е многу тесно поврзана. Треба да се бодрат едни со други, но морам да кажам и дека Лиам стекна навистина добри пријатели тука“, вели Јени Гузман, мајка на еден од играчите.

„Треба да пробате. И ќе видите дека навистина е забавно. Треба да ризикувате“, вели Лиам, хокејар.

„Можеш да правиш сè што ќе ти текне, дури и ако си слеп“, додава Јаков.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG