Парите доминираа во последните денови од Cамитот COP29. Или, во контекст на COP, за климатски финансии.
Кој ќе плати за посиромашните земји да се прилагодат на климатските промени - и да се оддалечат од фосилните горива како што растат нивните економии?
Боливискиот делегат Диего Баланза - кој претседава со преговарачкиот блок на земјите во развој - ги обвини побогатите нации за една деценија неуспешни ветувања.
„Нашите земји ги трпат влијанијата на климатските промени, главно поради историските високите емисии на развиените земји“, вели Баланца.
COP29 треба да постави нова цел за финансирање за подобрување на климата. Проценките варираат - некои сметаат дека ќе бидат потребни 1,3 трилиони долари годишно. Сегашната цел е 100 милијарди долари.
„Климатските финансии не се добротворни цели. 100 отсто интерес на секоја нација е да ги заштитат своите економии и граѓани од неконтролираното влијание на климата“, истакнува Сајмон Стил, шеф за климатски прашања во ОН.
Договорот за финансирање на климата COP29 треба да ја отклучи клучната следна фаза од преговорите - дозволувајќи им на сите нации да испорачаат акциски планови за намалување на емисиите на стакленички гасови - со цел да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
На сегашната траекторија, научниците велат дека се движиме кон веројатно катастрофални 2,7 степени на затоплување.
Постои зголемена загриженост поради очигледниот недостаток на напредок во COP29. Мохамед Адоу е директор на кампањата - Power Shift Africa.
„Ова беше една од најлошите недели на COP - на кои сум присуствувал во последните 15 години. Имаше многу ограничен напредок за финансирањето на климата, па дури и за правилата околу пазарите на јаглерод и како светот ќе ги намали емисиите“, вели Адоу.
Адоу стравува дека преговорите во Баку беа во сенка.
„Поради изборот на Доналд Трамп за иден претседател на САД] и што неговата администрација ќе направи. Значи, го имате богатиот свет кој всушност се крие зад Трамп - и не сака да одговори на повиците што ги имавме од земјите во развој за 1,3 трилиони американски долари што им се потребни за финансирање на климата“, посочува Адоу.
Мухтар Бабаев, претседател на Азербејџан COP29, ги повика земјите да забрзаат со усогласувањата со оглед дека е можно самитот да не постигне договор.
Facebook Forum