Линкови за пристапност

Шведска првпат е домаќин на голема вежба на НАТО


Шведска првпат е домаќин на голема вежба на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00

Вежбата „Брза реакција“ на НАТО започна претходно овој месец во Шведска, каде што околу 800 падобранци од Соединетите Американски Држави, Шпанија, Унгарија и Италија тренираат заедно за да спречат каква било потенцијална агресија. Мирослава Гонгадзе известува од полигонот во Шведска. .

„Брза реакција“ е дел од Defender 24, најголемата вежба на НАТО предводена од САД во Европа, која опфаќа повеќе од 17.000 американски и 23.000 членови на мултинационалните служби од над 20 сојузнички и партнерски земји.

Обуката има за цел да ја подобри способноста за одвраќање закани, вели директорот на европската команда на САД, генерал-мајор Џејмс Кризел, кој ја води вежбата.

Тој забележува зајакнување на НАТО со приемот на Шведска како 32-ра членка.

„НАТО е определен да ги одвраќа хроничните закани како што посочи генералот Каволи, вежбите како оваа во нордиските земји помагаат да се овозможи обука на одвраќање и да се манифестира силата на НАТО“, вели генерал-мајорот Кризел.

Кристофер Каволи е шеф на европската команда на САД и врховен командант на сојузничките сили во Европа од јули 2022 година.

Воени претставници велат дека руската агресија врз Украина драматично го променила безбедносното опкружување во Европа.

„Постојат две закани во светот во моментов; заканите од Кина и заканата од Русија. Ја гледаме агресијата низ која минува Украина во моментов. Она што би рекол е дека НАТО е целосно подготвен да направи какво било одвраќање или доколку е потребно, да ги зајакне нашите партнери во Европа од каква било руска агресија“, вели Роберт Мекбрајд од 11-та Воздушна единица, Канада.

Новите закани ги поттикнаа Финска и Шведска да се приклучат на Алијансата и ги натераа земјите-членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана.

Со Шведска, НАТО добива добро опремена војска со најголеми воздушни сили во нордиско-балтичкиот регион.

Воените претставници велат дека морнарицата на земјата, најголемата на Балтикот, е опремена со најсовремени подморници дизајнирани за плитки води.

„Ние сме мала земја, имаме мали вооружени сили, но нашите единици и капацитети се силни во рамките на капацитетот што го имаме, и ќе биде придонес за НАТО. Заедно, ќе бидеме силни“, истакнува Андерс Јонсон, поручник, од Воено воздухопловство, Шведска.

Со вклучувањето на Шведска, ова членство им дава пристап на сојузниците до стратешки значајниот полуостров Кола, клучен за спротивставување на руското воено присуство и ја зајакнува подготвеноста за справување со безбедносните предизвици на Северот.

Воениот персонал распореден на вежбата од САД, Шпанија, Унгарија и Италија ја нагласува важноста на оваа обука.

„Мислам дека тоа е многу важно. И не само за нашата бригадата, туку и за цело НАТО затоа што можеме да ги зголемиме воздушните капацитети, а создаваме и подигаме стандарди за подобра интероперабилност“, истакнува Џузепе Фолгоре, поручник од Армијата на Италија.
Предвидено е вежбата да трае до 31 мај. „Брзата реакција“ е поврзана со вежбата на НАТО “Одлучен одговор“, заедно со националните вежби како што се „Пролетен удар“ во Шведска, „Јужна Квадрига“ во Германија и „Дачија 24“ во Романија, каде ќе се одржи едно од најголемите симулирања на воздушна воена операција од Втората светска војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG