Американскиот сенатор Боб Менендез е осуден за примање мито во готовина, злато и луксузен автомобил од тројца бизнисмени од Њу Џерси.
Пресудата на поротата сè уште се чита денес во федералниот суд во Њујорк.
Во текот на деветнеделното судење, обвинителите рекоа дека демократот од Њу Џерси ја злоупотребил моќта на својата функција за да ги заштити сојузниците од криминални истраги и да ги збогати соработниците, вклучително и неговата сопруга, преку дејства, а кои вклучуваа средби со претставници на египетските разузнавачи и помагање на таа земја да пристапи до милиони долари во воената помош на САД.
Менендез не сведочеше, но инсистираше јавно дека само ја извршува својата работа како претседател на Комитетот за надворешни односи на Сенатот.
Тој рече дека златото пронајдено во неговиот дом во Њу Џерси од страна на ФБИ му припаѓа на неговата сопруга.
Пресудата доаѓа четири месеци пред денот на изборите и потенцијално ја блокира секоја надеж што Менендез ја имаше за кампања за реизбор како независен кандидат.
Адвокатот на Менендез ѝ кажа на поротата дека обвинителите не успеале да докажат ниту едно обвинение и го наведува патриотизмот како причина да го ослободи неговиот клиент. На сенаторот му се суди со двајца бизнисмени од Њу Џерси. Сите тројца се изјаснија за невини. Друг бизнисмен се изјасни за виновен пред судењето и сведочеше против Менендез и другите обвинети.
Сопругата на Менендез, Надин, исто така беше обвинета, иако нејзиното судење беше одложено додека таа се опоравува од операцијата за рак на дојка.
Во рација во 2022 година во домот во Њу Џерси, каде што Менендез живеел со неговата сопруга, агентите на ФБИ конфискувале злато вредно речиси 150.000 долари и над 480.000 долари во готовина, дел од нив полнети во чизми и јакни на кои го пишувало името на сенаторот.
Менендез изрази одредена надеж додека ја напушташе судската зграда во понеделникот, дека поротата внимателно ги разгледуваше доказите.
Адвокатите на Менендез инсистираа дека сенаторот никогаш не примал мито и дека активностите што ги преземал во корист на бизнисмените биле тип на задачи што се очекуваат од јавен функционер.
Тие рекоа дека тој едноставно ги извршувал надворешните обврски што се очекуваат во неговата улога како претседател на Комитетит за надворешни односи на Сенатот, функција од која беше принуден да се откаже откако беа покренати обвиненија.
Менендез пред неколку недели објави дека планира да се кандидира за реизбор оваа година како независен.