Линкови за пристапност

Нови кривични пријави против сенаторот Боб Менендез и неговата сопруга


Против Менендез и неговата сопруга Надин беа додадени обвиненија за заговор за попречување на правдата
Против Менендез и неговата сопруга Надин беа додадени обвиненија за заговор за попречување на правдата

Американскиот сенатор Боб Менендез и неговата сопруга се соочуваат со нови обвиненија за опструкција на правдата.

Новите обвиненија беа во препишаното обвинение вратено против демократот од државата Њу Џерси во вторникот во федералниот суд на Менхетен.

Против Менендез и неговата сопруга Надин беа додадени обвиненија за заговор за попречување на правдата.

Во новите обвиненија се тврди дека парот се заговарал со тројца бизнисмени да примаат мито златни прачки, готовина и луксузен автомобил во замена за помошта на сенаторот во проектите што ги спроведувале бизнисмените.

Менендез и сопругата се изјаснија за невини.

Еден бизнисмен ја призна вината минатата недела, согласувајќи се да сведочи на судењето против другите обвинети.

XS
SM
MD
LG