Линкови за пристапност

Oбвинет сенаторот Боб Менендез дека споил член на катарското кралско семејство со бизнисмен од Њу Џерси


Федералните власти го обвинуваат американскиот сенатор Боб Менендез дека му претставил член на катарското кралско семејство на бизнисмен од Њу Џерси кој барал инвестиции во проект за недвижнини.

Тие велат дека членот на семејството, кој не бил идентификуван, бил директор во Катарската инвестициска компанија, која потоа инвестирала милиони во проектот.

Последните обвинувања дојдоа во обвинението пред федералниот суд на Менхетен против демократот, неговата сопруга и тројца бизнисмени, кои сите, се изјаснија за невини.

Не беа додадени нови обвиненија во најновата верзија на обвинението кое веќе го обвини Менендез за заговор за поткуп, кој наводно ги збогатил сенаторот и неговата сопруга со готовина, златни прачки и луксузен автомобил.

XS
SM
MD
LG