Линкови за пристапност

Сенаторот Боб Менендез од Њу Џерси нема да се кандидира на прелиминарните избори поради обвиненија за корупција


Неговите колеги - демократи побараа оставка веднаш откако случајот на Одделот за правда против него беше обелоденет.
Неговите колеги - демократи побараа оставка веднаш откако случајот на Одделот за правда против него беше обелоденет.

Американскиот сенатор Боб Менендез од Њу Џерси во четвртокот во претходно снимена изјава рече дека нема да се кандидира на прелиминарните избори на Демократската партија, бидејќи се соочува со федерални обвиненија за корупција.

Оваа одлука доаѓа додека Менендез, неговата сопруга Надин и тројца деловни соработници се во процес против федералните обвиненија за поткуп. Менендез, сепак, ја остави отворена можноста да се кандидира како „независен демократ“ на општите избори.

„Се надевам дека моето ослободување ќе се случи летово и ќе ми овозможи да се кандидирам како независен демократ на општите избори. Ова ќе ми овозможи време не само да ги потсетам жителите на Њу Џерси за тоа како успеав да бидам одговорен, туку и како ќе ја обезбедиме нашата финансиска иднина, ќе одговориме на предизвиците за подигање семејство, и да обезбедиме помирен свет во кој ќе живееме сите“, изјави Менендез.

Менендез, кој е во трет целосен мандат во Сенатот, претходно се соочи со федерални обвиненија за корупција, но ја надмина ситуацијата поради неправилности и беше реизбран во 2018 година со целосно одобрување на неговата партија.

Овојпат, неговите колеги - демократи побараа оставка веднаш откако случајот на Одделот за правда против него беше обелоденет.

XS
SM
MD
LG