Американскиот сенатор Роберт Менендез, демократ од Њу Џерси, и неговата сопруга се обвинети за дела за поткуп поврзани со нивна врска со тројца бизнисмени од Њу Џерси, соопштија федералните обвинители денес.
Канцеларијата на американското обвинителство во Менхетн ги обвини дека примале мито од илјадници долари во замена за користење на моќта и влијанието на Менендез како сенатор.
Обвинителите рекоа дека митото вклучувало готовина, злато, плаќања за станбена хипотека, компензација за работа со минимални барања, луксузно возило и други работи од вредност.
Менендез и неговата сопруга се соочуваат со по три кривични дела.
Менендез, претседател на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, претходно беше обвинет во Њу Џерси за користење приватни летови, придонеси за кампања и друго мито во замена за службени услуги, но судењето во 2017 година заврши во ќорсокак на поротата.