Линкови за пристапност

Менендез рече дека ќе остане во Конгресот по обвиненијата за корупција


Цврсто верувам дека кога ќе бидат претставени сите факти, не само што ќе бидам ослободен од обвинението, туку и понатаму ќе бидам сенатор од Њу Џерси, рече Менендез
Цврсто верувам дека кога ќе бидат претставени сите факти, не само што ќе бидам ослободен од обвинението, туку и понатаму ќе бидам сенатор од Њу Џерси, рече Менендез

Американскиот демократски сенатор Боб Менендез денес негираше дека сторил нешто лошо и вети дека ќе остане во Конгресот, откако обвинителите го обвинија него и неговата сопруга за примање мито од тројца бизнисмени од Њу Џерси.

Ставот на Менендез ги отфрла повиците на избраните функционери во неговата сојузна држава Њу Џерси, вклучително и демократскиот гувернер на државата, да се повлече.

Неговата одлука да остане во Сенатот може да ги искомплицира напорите на неговата партија да го задржи нивното тесно мнозинство од 51 спрема 49, иако Њу Џерси не избра републиканец во Сенатот од 1972 година.

Менендез привремено се повлече од функцијата претседател на моќниот Комитет за надворешни односи на Сенатот.

Демократските правила на Сенатот бараат секој член обвинет за кривично дело да се откаже од својата лидерска позиција, иако може да ја врати назад доколку биде прогласен за невин.

„Цврсто верувам дека кога ќе бидат претставени сите факти, не само што ќе бидам ослободен од обвинението, туку и понатаму ќе бидам сенатор од Њу Џерси“, рече Менендез (69) во своите први јавни забелешки откако беше обвинет.

Американските обвинители рекоа дека Менендез прифатил злато и стотици илјади долари во готовина во замена за да го искористи своето влијание за да ѝ помогне на египетската влада и да се меша во истрагите за спроведување на законот за тројцата бизнисмени.

Обвинителите бараат на Менендез да му се одземе имотот, вклучително и неговиот дом, кабриолет Мерцедес од 2019 година и 566.000 долари во готовина, злато и средства од банкарска сметка.

Менендез рече дека работел на тоа земјите, вклучително и Египет, да бидат одговорни за кршење на човековите права.

„Ако ги погледнете моите постапки поврзани со Египет за време на периодот опишан во ова обвинение и во текот на целата моја кариера, моето досие е јасно и конзистентно“, рече тој.

Тој не одговараше на прашањата.

Ова е третпат по ред Менендез да биде под истрага од федералните обвинители, иако никогаш не бил осуден.

Менендез, неговата сопруга и бизнисмените се очекува да се појават пред федералниот суд на Менхетн в среда.

Обвиненијата со кои се соочуваат Менендез и неговата сопруга носат казна до 45 години затвор, но судиите во вакви случаи обично изрекуваат помалку од максималната можна казна.

Менендез, син на кубански имигранти, е моќен глас за надворешната политика, а понекогаш и во судир со сопствената партија, критичен за потезите на администрацијата на претседателот Барак Обама за олеснување на односите со Куба и нуклеарниот договор меѓу САД и Иран.

Менендез, исто така, беше дел од неколку неуспешни напори за реформирање на имиграцискиот систем на САД.

XS
SM
MD
LG