Ноќно време во Вашингтон. Вработените во Раса, индиски ресторан, подготвуваат нарачки за носење. Но, со уникатен пресврт, клиентите не знаат што добиваат… тие нарачале само врз основа на цената, а не што се нуди на менито.
„Се фокусираме на повеќе од затоплена храна, особено некои од протеините кои не се толку свежи кога ќе ги подгреете следниот ден, муштериите добиваат мешавина од тие состојки“, вели Рахул Винод од ресторанот Раса.
Храната беше нарачана преку мобилна апликација наречена Too Good To Go, која ги поврзува рестораните, кафулињата и супермаркетите со корисници кои сакаат да купат храна - често блиску до нејзиниот рок на траење - со многу намалени цени.
Оваа порција од Раса обично чини од 10 до 13 долари. Преку апликацијата чинеше шест и пол долари.
Винод вели дека сопствениците на рестораните не заработуваат многу пари на овие нарачки, но дека е подобро отколку да фрлаат храна. И дополнителна придобивка од трендот…придобивање нови муштерии.
„Имаме многу гости кои првпат нè пронајдоа со само отворање на апликацијата“, вели Винод.
Too Good To Go започна во Данска во 2015 година, но сега работи во Европа и Северна Америка. Според потпретседателот на компанијата за Северна Америка, сега има околу осум милиони корисници во Америка.
„Имаме голема група на корисници кои обезбедуваат на овој начин храна за своето семејство. Имаме и други видови на муштерии, кои се љубопитни“, посочува Крис МекАлеј од „Too Good To Go“.
Но, кога храната мора да се фрли во ѓубре, има апликација и за тоа. Во Њујорк има околу 400 од овие канти за рециклирање. Тие се користат за рециклирање на старата храна и нејзино чување надвор од депониите.
Одделот за земјоделство вели дека околу една третина од севкупната храна за јадење во САД завршува во ѓубре.
Крис Мек Олеј од Too Good To Go вели дека користењето или повторното користење на што поголем дел од таа храна, мора да биде национален приоритет.
„Не е можно само со политичка реакција. Самите бизниси не можат да направат промени. Сите треба да агитирамe на сите фронтови“, посочува Мек Алеј.
Остатоците од храна не се само ѓубре. Гнилите остатоци од храна придонесуваат за климатските промени со производство на метан, еден од најмоќните стакленички гасови.
Facebook Forum