Со оглед на тоа што Израелците сè уште се трауматизирани од масакрот на Хамас на 7 октомври, израелскиот парламент со големо мнозинство гласаше за отфрлање на едностраното признавање на палестинската држава.
„Израел ќе продолжи да се противи на едностраното признавање на палестинска држава. Таквото признание по масакрот на 7-ми октомври би било огромна и невидена награда за тероризмот“, рече Нетанјаху.
Меѓународната заедница остро ги осуди акциите на Израел кои доведоа до повеќе од 29.000 мртви според палестинското Министерство за здравство и хуманитарната криза во Газа. Тие исто така рекоа дека Газа мора да биде дел од идната палестинска држава. И, палестинските власти, кои го контролираат Западниот Брег, го гледаат сегашниот меѓународен одговор на војната Израел-Хамас како можност.
„Светот не треба да се потпира на позицијата на Нетанјаху и неговата влада, која го отфрла решението за две држави. Наместо тоа, светот треба да се стреми да стави крај на окупацијата, еднострано да ја признае државата Палестина и да гласа за Палестина да стане земја-членка во Обединетите Нации", рече Мохамед Штаје, палестински премиер.
Во американските извештаи се вели дека Вашингтон предвидува нов регионален поредок во кој Израел би се согласил на демилитаризирана палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа. За возврат, Израел ќе го добие долго посакуваниот мировен договор со Саудиска Арабија, кој пак ќе добие одбранбен пакт со САД. Другите арапски земји кои веќе имаат мировни договори со Израел ќе обезбедат безбедносни гаранции дека палестинската држава нема да стане закана на Израел.
Некои палестински аналитичари и поранешни преговарачи за мировните преговори ја сметаат американската иницијатива како нереална и несуштинска.
„Кога САД зборуваат за палестинска држава, мислам дека нема многу јасност за суштината на тоа што значи тоа. Кога зборуваат за тоа, тие навистина одговараат на регионално барање, барем да имаат политички поткрепа“, вели Гаит Ал Омари од вашингтонскиот Институт за политика на Блискиот Исток.
Испробано е и претходно. Во 1993 година, Израел и Палестинците, заедно со американскиот претседател Бил Клинтон, го потпишаа договорот од Осло со кој се постави патоказот за палестинска држава. Тоа никогаш не се случи. Но, некои преговарачи од Осло велат дека не е доцна, дури и по масакрот на Хамас на 7 октомври и по четиримесечната војна во Газа.
„Обично, склучувате мир по војна. Погледнете ја историјата, сите ја проучувавме. Кога сме имале во историјата во Европа или на други места овие договори? По војните. Но, обично по војните омразата на двете страни се зголемува? Затоа што луѓето сакаат да се ослободат од неа, од проблемот и на крајот се подготвени да склучат мир“, вели Јоси Бејлин, Израелски преговарач за мир.
Но, визијата на Бејлин за мир не е во согласност со моменталното израелско јавно мислење, според анкетата на Израелскиот институт за демократија, според која две третини од Израелците не поддржуваат палестинска држава, дури и како дел од договорот кој вклучува мир со Саудиска Арабија.
Facebook Forum