Линкови за пристапност

САД и Полска ќе ѝ помагаат на Украина во борбата против руските дезинформации


На оваа фотографија се гледаат страници од извештајот на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот за руска дезинформација објавена на 5 август 2020 година
На оваа фотографија се гледаат страници од извештајот на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот за руска дезинформација објавена на 5 август 2020 година

САД и Полска формираат група која ќе ѝ помогне на Украина во борбата против руските дезинформации, објави во понеделникот Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент.

Центарот, кој работи на откривање дезинформации од оние што ги смета за непријателски држави, во соопштението рече дека заедничката група е формирана во Варшава за „да ја поддржи Украина против руската агресија во информацискиот простор“.

Стејт департментот соопшти дека новата група ќе ги обедини сојузниците за „координирање на пораките, промовирање на точно известување за целосната инвазија на Русија, засилување на гласовите на Украина и откривање на манипулации со информации од Кремљ“.

Стејт департментот тврди дека Кремљ „постојано користи лаги и манипулации за да продава лажни изговори за својата неоправдана инвазија, да ги замагли своите воени цели и да се обиде да ја наруши светската солидарност со украинскиот народ“.

Кремљ ги отфрли тврдењата дека шири дезинформации, обвинувајќи го Западот дека се вклучува во „информациски тероризам“.

Според Асошиетед прес, полските власти велат дека Полска, исто така, станала цел на саботажа и други немирни мерки од страна на руските тајни служби.

Полска, членка на НАТО, е центар на западното оружје што ѝ се доставува на Украина. Исто така, таа е засолниште за значителен број украински бегалци, кои ја напуштија својата земја по руската инвазија во февруари 2022 година.

Олексиј Коваленко придонесе за овој извештај. Некои информации се од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG