Линкови за пристапност

САД и ЕУ ќе работат заедно да ја намалат способноста на Русија и Кина за пропаганда на Западен Балкан


Работник ги прилагодува знамињата на САД и ЕУ пред пристигнувањето на шефот за надворешна политика на ЕУ и американскиот државен секретар за време на министерскиот состанок на Советот за енергетика ЕУ-САД во Европскиот совет во Брисел, 4 април 2023 година
Работник ги прилагодува знамињата на САД и ЕУ пред пристигнувањето на шефот за надворешна политика на ЕУ и американскиот државен секретар за време на министерскиот состанок на Советот за енергетика ЕУ-САД во Европскиот совет во Брисел, 4 април 2023 година

Стејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) започнаа заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда.

„Препознавајќи ја нашата заедничка политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, механизмот ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор на Западен Балкан“, соопшти Стејт департментот.

Во изјавата се вели дека „овој механизам ќе ги овласти партнерите истомисленици да станат независни во справувањето со заканата од ФИМИ и да работат заедно за да ја намалат способноста на Русија и НР Кина да користат кампањи за пропаганда и манипулација со информации во регионот“.

Оваа мерка има за цел да ја зајакне Европа како геостратешки партнер, да го зајакне демократското владеење и владеењето на правото, како и да ги направи регионалните партнери побезбедни и попросперитетни, кажа Стејт департментот.

„Продолжуваме да работиме за интеграција на регионот во евроатлантските структури“.

САД и Северна Македонија во мај 2023 година потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформациите.

„Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата на Северна Македонија и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет“, кажа тогаш Стејт департментот.

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, на 20 мај беше во посета на Северна Македонија за да се сретне со експерти за странско малигно влијание и да го посети археолошиот локалитет Стоби.

Ален беше и во Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG