Линкови за пристапност

Ширењето на руските дезинформации не се одвива според плановите на Кремљ


Напорите на Русија да ги подели мислењата на луѓето ширум светот за праведноста на нејзината инвазија на Украина се чини дека ги отсликува обидите на некои нејзини сили на теренот - и покрај тоа што носи многу огнена моќ, операциите за влијание на Кремљ се чини дека запираат и не можат да навлезат во придобивање на клучната странска јавност.

Голем дел од операцијата за влијание на Москва е спроведена јасно, при што медиумите поддржани од Русија како РТ, Спутник, Риа Новости, Известија и други објавуваат стории и објави на социјалните мрежи на руски, англиски, шпански, турски и арапски. Но, истражувањето на Омелас, фирма со седиште во Вашингтон, која ги следи операциите на влијание во дигиталната средина, открива дека кога руските сили почнаа да се движат во Украина, овие медиумски операции почнаа да губат привлечност кај нивната целна публика. „До 24 февруари, руските медиуми доминираа во наративот околу Украина на сите јазици, а голем дел од содржината добиваше многу коментирање и вклучување на јавноста “, изјави извршната директорка на Омелас, Евана Ху, за Гласот на Америка. Меѓутоа, во неделите оттогаш, приказната беше поинаква.

Досегот на руските медиуми

Според Омелас, медиумите поддржани од Русија објавија 12.300 објави на социјалните мрежи, собраа 1,3 милиони реакции од посетителите на страниците. Спротивно на тоа, западните медиуми објавија 116.000 објави поврзани со Украина во тој период, привлекувајќи 44,8 милиони посети и коментари.

„Руските медиуми сè уште се доминантни во содржината објавена на руски јазик, но дефинитивно им отстапија информации на западните медиуми на англиски јазик“, рече Ху. Се намалува и тој простор. 27-члената Европска унија минатата недела ги забрани руските државни медиуми како РТ и Спутник, суспендирајќи ги дозволите за емитување на руските компании и нивните европски филијали.

https://www.voanews.com/a/eu-bans-rt-sputnik-over-ukraine-disinformation-/6466855.html

Блокирање на социјалните мрежи

Компаниите за социјални медиуми како Мета, која ги поседува Фејсбук, Гугл, Јутјуб и Тик-Ток, исто така ги блокираа РТ и Спутник во ЕУ. Мрежата на РТ со седиште во САД - РТ Америка, минатиот четврток објави дека веднаш ја прекинува работата и дека го отпушта речиси целиот свој персонал поради, како што ги нарече „непредвидени настани за прекин на бизнисот“ во меморандум што првпат го доби Си-Ен-Ен. Фејсбук, исто така, претходно објави дека блокирала мрежа од околу 40 профили, групи и страници на Фејсбук и Инстаграм, чија цел биле луѓе во Украина. „Оваа мрежа користеше лажни профили и управуваше со фиктивни личности и брендови на интернет - вклучително и на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутјуб - за да изгледа поавтентично во очигледен обид да издржи контрола од платформи и истражувачи“, Мета објави во блог.

https://about.fb.com/news/2022/02/security-updates-ukraine/

Од своја страна, Гугл соопшти дека „презема вонредни мерки за да го запре ширењето на дезинформации и да ги попречи кампањите за дезинформација на интернет“. „Исто така, имаме значително ограничени препораки на глобално ниво за голем број руски медиуми финансирани од државата низ нашите платформи“, напиша претседателот за глобални прашања на Гугл, Кент Вокер, во блог. „И во изминатите неколку дена, Јутјуб, отстрани стотици канали и илјадници видеа поради прекршување на неговите „упатства, вклучително и голем број канали кои се вклучени во координирани измамнички практики“.

https://blog.google/inside-google/company-announcements/helping-ukraine/

Инфлуенсери

Во некои случаи, лица кои ширеа и наметнуваат одредени влијанија, изградија и одржуваа значителни следбеници, одејќи се до претседателските избори во САД во 2020 година.

https://www.voanews.com/a/usa_russian-influence-peddlers-carving-out-new-audiences-fringes/6198771.html

Американските екстремно-десничарски медиуми

Некои од истите чувства се пробиваат и во социјалните медиуми во САД, наклонети кон екстремната десница. „Јас не заземам став за војна“, рече Џо Олтман, еден од водителите на Конзервативната дневна подкаст во својата емисија во петокот, откако објави видео на Јутјуб со наслов, преземено, наводно од Украинец. Гласот на Америка не можеше независно да ја потврди автентичноста или потеклото на видеото, насловено „Спасете ги крокодилските солзи за Украина“, кое го повика западното лицемерие и ги повтори руските говорни поенти за експанзионистичките намери на НАТО и нацистичките влијанија во Украина. Анализата на Гласот на Америка покажа дека видеото е лажно, и намерно се избришани податоците за тоа кога е направено. Утврдено е и дека Украинецот кој зборува на видеото многу наликува на маж со онлајн профил, кој вели дека е актер од Москва.

Колкаво влијание можат да имаат медиумите поврзани со Русија во иднина, но и степенот на влијание во социјалните медиуми во Русија, чија цел е да ја поколебаат и поделат информативната средина - е неизвесно.

Но, истражувачите велат дека е малку веројатно Русија да се откаже од обидот да го вооружи информативниот простор и најверојатно ќе научи од начинот на кој операциите на нејзиното влијание беа засега, се осуетени, и запрени од западните влади и независните медиуми.

„Секоја кампања на информативна операција што ќе ја спроведете треба да се совпадне со вистината на теренот“, потсетува Евана Ху од Омелас за Гласот на Америка.

Поврзано

XS
SM
MD
LG