Линкови за пристапност

Претставник на Стејт департментот оди во Северна Македонија, ќе се сретне со експерти за странско малигно влијание


Потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде што американската влада помага да се зачува еден од највредните археолошки локалитети во Северна Македонија, кажа Стејт департментот
Потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде што американската влада помага да се зачува еден од највредните археолошки локалитети во Северна Македонија, кажа Стејт департментот

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија, патува во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово од 12 до 20 мај, соопшти Стејт департментот.

Целта на посетата, според соопштението, е да ги продлабочи партнерствата со земјите од Западен Балкан и да ги унапреди заедничкит цели на САД за регионална соработка и европска интеграција.

Северна Македонија ќе ја посети последна, каде ќе се сретне со експерти за странско малигно влијание.

„Во однос на културната различност и богатото наследство на Северна Македонија, потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде што поддршката на американската влада, преку Амбасадорскиот фонд за заштита на културата, помага да се зачува еден од највредните археолошки локалитети во Северна Македонија“, кажа Стејт департментот.

Додека е таму, таа ќе разговара со локалните партнери за потенцијалот на проектот за понатамошно проширување на економскиот развој, туризмот и врските меѓу луѓето, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG