Линкови за пристапност

Специјалниот претставник на Стејт департмент Рубин ќе патува во Скопје да изрази поддршка за борбата против дезинформациите


Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман Џејмс П. Рубин ќе патува од 10 до 14 април во Скопје, Подгорица и во Тирана, соопшти Стејт департментот.

Во Скопје и Подгорица, Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за справување со дезинформациите.

„Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други малигни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

За време на престојот во Тирана, Рубин ќе учествува на средби со американските амбасадори од Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG