Линкови за пристапност

САД го поддржуваат правото на Израел да се брани, но важно е да се најде дипломатско решение, вели Пентагон


Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин му рекол на својот израелски колега Јоав Галант дека е важно „да се најде пат до дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите од двете страни на границата да се вратат во своите домови што е можно побрзо и безбедно“.
Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин му рекол на својот израелски колега Јоав Галант дека е важно „да се најде пат до дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите од двете страни на границата да се вратат во своите домови што е можно побрзо и безбедно“.

Пентагон соопшти дека секретарот за одбрана на САД Лојд Остин му рекол на својот израелски колега Јоав Галант во недела навечер дека САД го поддржуваат правото на Израел да се брани, но „ја истакна важноста да се најде пат до дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите од двете страни на границата да се вратат во своите домови што е можно побрзо и безбедно“.

Зголемувањето на борбите долж границата меѓу Израел и Либан во текот на изминатата недела го натера Стејт департментот на САД да издаде ново предупредување за патување, во кое ги повикува американските граѓани да го напуштат Либан со комерцијални летови додека сè уште имаат опција.

Хезболах и израелските сили разменија стотици ракетни напади во неделата, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе стори „се` што е потребно“ за да се врати безбедноста во северен Израел.

Нетанјаху рече дека Израел во последните денови „на Хезболах му нанел серија удари што никогаш не ги замислувале“, нарекувајќи го тоа „порака“.

Хезболах возврати на израелскиот напад во кој беа убиени воени лидери на Хезболах во Бејрут во петокот, додека милитантите го обвинија Израел за далечинско активирање експлозиви во пејџери во Либан, при што загинаа најмалку 32, а беа повредени илјадници.

Портпаролот за американската национална безбедност Џон Кирби, во неделата за „Еј-Би-Си Њуз“ изјави дека Израел и Хезболах мора да се воздржат за да го спречат конфликтот да ескалира во сеопфатна војна.

„Веруваме дека има подобри начини... отколку отворање втор фронт“ долж израелско-либанската граница, по речиси едногодишната борба на Израел со милитантите на Хамас во Газа.

Дописничката на Гласот на Америка од ОН Маргарет Бешир даде свој придонес во овој извештај; некои материјали се од АП

XS
SM
MD
LG