Линкови за пристапност

Секретарот за одбрана на САД ја одложил посетата на Израел следната недела


Ова за Ројтерс го изјавил извор запознаен со ова прашање, но не навел причина за одложувањето
Ова за Ројтерс го изјавил извор запознаен со ова прашање, но не навел причина за одложувањето

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го одложи планираното патување следната недела во Израел среде ескалацијата на израелско-либанската граница, изјави во четвртокот извор запознаен со ова прашање, објави Ројтерс.

Изворот не навел причина за одложувањето.

Патувањето ќе дојдеше во време на зголемени тензии во регионот по нападите што ги разнесоа пејџерите на Хезболах, за кои Либан и Хезболах го обвинија Израел.

Во нападите загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3.000, преполнувајќи ги либанските болници.

Шефот на израелската одбрана Галант вчера изјави дека телефонски разговарал со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за ситуацијата во регионот, вклучително и за „одбраната на Израел од заканите на Хезболах“.

Пентагон соопшти дека Остин ја повторил „непоколебливата поддршка на САД за Израел наспроти заканите“ од Иран, Хезболах и другите ирански партнери во регионот.

„Секретарот ја истакна посветеноста на САД за одвраќање на регионалните противници и напорите за деескалација на тензиите низ регионот“, рече портпаролот на Пентагон.

По дипломатските разговори во Париз во четвртокот, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Некои информации во текстот се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG