Линкови за пристапност

Убиени 15 лица во текот на ноќта во Газа


Куќи се зафатени со оган додека израелската армија врши рација во северниот дел на Западниот Брег, на 19 септември 2024 година
Куќи се зафатени со оган додека израелската армија врши рација во северниот дел на Западниот Брег, на 19 септември 2024 година

Палестинските власти соопштија дека 15 лица биле убиени во текот на ноќта во појасот Газа во повеќе израелски напади.

Во воздушен напад во петокот рано наутро во градот Газа беше погодена семејна куќа, при што биле убиени шест лица, вклучително и непознат број деца, соопшти Цивилната одбрана на Газа.

Уште едно лице било убиено во градот Газа кога напад погоди група луѓе на улица.

Израел тврди дека цели само на милитантите и го обвинува Хамас и другите вооружени групи дека ги загрозуваат цивилите преку дејствување во станбени области.

Војската, која ретко коментира за поединечни напади, немаше коментар веднаш.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 41.000 Палестинци се убиени на територијата од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври.

Министерството не прави разлика меѓу борците и цивилите во својот број, но вели дека нешто повеќе од половина од убиените биле жени и деца.

Израел соопшти дека убил над 17.000 милитанти, без да обезбеди докази.

Во меѓувреме, лидерот на либанскиот Хезболах ветува дека ќе се одмазди за смртоносните напади врз неговите комуникациски уреди, откако израелскиот министер за одбрана најави „нова фаза“ од војната.

Се зголемуваат стравувањата дека 11-месечната размена на оган меѓу двете страни ќе ескалира во сеопфатна војна.

Хезболах почна да го напаѓа Израел речиси веднаш по нападот на Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната меѓу Израел и Хамас.

Тие во неколку наврати се доближија до целосна војна. Хамас е означен од САД како терористичка група.

XS
SM
MD
LG