Друга држава, нов дом за Екатерина Фомина. Руската новинарка живеела во три држави и седум стана за две години, во обидот да избега од Москва.
Но, иако живее во друга држава не дека е безбедна.
„Сè уште сте заложник во нивните раце, бидејќи тие можат да влијаат на вашиот живот. Тие можат да ве гонат дури и без да бидете таму“, вели Фомина.
Кога главниот град на Украина, Киев, беше бомбардиран, Москва воведе строги закони за медиумите околу известувањето за нејзината инвазија.
Измените, како што откри Фомина, предвидуваат тешки затворски казни.
Руски војник ѝ кажува на Фомина дека убил украински цивил, сторија што ја обајви таа.
Тоа ги доведе руските власти да истражуваат за ширење лажни информации за армијата.
Ако биде прогласена за виновна, таа може да биде осудена на 10 години затвор.
Правното вознемирување е само едно од тешкотиите што следи со живот и работа во егзил. Дури и надвор од Русија, Фомина јавно нема да каже каде се наоаѓа. Таа е претпазлива од надзорот и физичките напади со кои се соочуваат другите прогонети.
„По овие две години, едноставно сфаќате дека не постои земја и место во светот каде што припаѓате“, вели Фомина.
Во Берлин, организацијата Фонд за новинари во егзил им дава поддршка на новинарите. Во Германија и низ Европа се забележуваат случаи на правно вознемирување, закани за семејството дома - во екстремни случаи, дури и труење.
„Русија повеќе не сака да известува. Тие сакаад да ve исплашат. Ако луѓе упаднат во вашиот стан, ако има труења, ако можете да се шетате само со телохранител, тоа е внесување страв“, вели Пенелопе Винтерхагер од Фондот за новинари во егзил.
Катерина Абрамова, која живее во Берлин, раководи со комуникациите за рускиот медиум Медуза. Таа вели дека Москва долго време ги користи овие тактики.
„Кога не сте во Русија, a mislite deka ste апсолутно безбедни – тоа е илузија“, вели Абрамова.
Нејзиниот тим забележал сајбер напади, обиди за хакирање и блокирања на нивната веб-страница.
„Слободата на информации, генерално, сè повеќе се стеснува“, додава Абрамова.
Ниту руската амбасада во Берлин, ниту руското Министерство за надворешни работи не одговорија на барањата на Гласот на Америка за коментар.
За Фомина, постојаната нестабилност и изолација зема замав.
„Технички живеам во странство, но психолошки живеам некаде помеѓу Русија и Украина, а веројатно и на бојно поле“, вели Фомина.
Таа наоѓа утеха во нејзиното куче-спасувач Купер и дека нејзиното известување за последиците од руската инвазија на Украина во 2022 година придонесува за подобра иднина.
Но, траумата остава последици.
„Моите чувства се замрзнати, а мојот живот е ставен во мирување, бидејќи мојот живот запре на 24 февруари 2022 година“, посочува Фомина.
Случајот со смртта во затвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ситуацијата ја прави понепријатна. Неговиот случај ги нагласува жртвите кои всушност му се спротивставуваат на Путин, без разлика на цената.
Facebook Forum