Линкови за пристапност

Русија ја ребрендира групата Вагнер во т.н. „експедициски корпус“


Русија ја ребрендира групата Вагнер во т.н. „експедициски корпус“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Русија ја ребрендира својата паравоена група Вагнер во „експедициски корпус“ кој сега е под контрола на военото разузнавање на Москва. Тие сили им нудат „пакет за преживување“ на автократските режими во Африка, се вели во извештајот на британскиот Кралски Институт. Известува Хенри Риџвел.

Руската паравоена група Вагнер беше активна во неколку африкански земји - вклучително и Либија, каде што нејзините борци му помагаа на генералот Калифа Хифтар во замена за пристап до либиската нафта и гас.
Тие често беа обвинети за кршење на човековите права.
Во јуни минатата година, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, поттикна неуспешен бунт против официјална Москва - и групата беше распуштена.
Пригожин загина во авионска несреќа два месеци подоцна.
Тоа остави дилема за Кремљ: што да прави со операциите на Вагнер во Африка?

„По тој таканаречен бунт, беше донесена одлука дека ќе биде подобро да се трансформираат“, вели Олександер Данилук од британскиот Кралски институт.

Според анализата на британскиот Кралски Институт, Москва ја ребрендираше групата Вагнер како „експедициски корпус“ на руската воена разузнавачка агенција ГРУ – со цел да регрутира дополнителни 40.000 војници кои ќе служат во силите.
Нејзината цел е да ги обезбеди руските интереси во странство, вклучително и пристапот до минералните ресурси, а истовремено да ја намали ранливоста на Москва од западните санкции, се вели во извештајот.

„Се работи за проширување на колонијализмот во земјите од глобалниот Југ. Во моментов тие се многу фокусирани на африканските земји, но имаат планови и за Јужна Америка и некои азиски земји. Имаат политички технолози, медиумски експерти, разузнавачи кои се специјализирани за политичко војување и економски операции. Значи, идејата е не само да се инфилтрираат во тие земји на глобалниот југ, туку и да воспостават проруски режими“, објаснува Данилук.

Москва активно ја пласира таа понуда до африканските влади.

„Го продаваат овој концепт како таканаречен пакет за опстанок на режим“, вели Данилук.

Во извештајот се вели дека Русија помогнала да се поттикнат воени преврати во делови од Африка и сега се обидува да го смени влијанието од Западот.
Франција и други европски земји испратија војници во Мали во 2013 година за да помогнат во борбата против исламиските бунтовници. Но, тие беа повлечени во 2022 година по воениот удар во земјата.

Минатата година се повлекоа и мировните сили на ОН.

Неколку стотици борци поддржани од Русија сега се во Мали и ја поддржуваат хунтата. Москва ги поддржа и воените влади во Нигер и Буркина Фасо.
Рускиот претседател Владимир Путин негираше каков било план за отстранување на западното влијание во тој африкански регион.

„Да бидам искрен, генерално, таму немаме национални интереси на руско државно ниво. Ние сме пријатели со тие земји“, се вели во изјава од Путин.

Извештајот од лондонскиот Институт го оспорува тоа тврдење и вели дека новиот руски експедициски корпус покажува дека Кремљ „конечно одлучил експлицитно да го поткопа меѓународниот систем“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG