Линкови за пристапност

Ресторан со имигрантска храна во Вашингтон промовира имиграциски реформи


Ресторан со имигрантска храна во Вашингтон промовира имиграциски реформи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:27 0:00

Имиграцијата е едно од најважните прашања на претстојните претседателски избори во САД. Во Вашингтон, постои ресторан кој се залага за имиграциска реформа, а истовремено поттикнува социјални промени преку храната. Известува Алин Барос. 

Алба Галдамез ја сака кујната.
„Од сите работи што ги имав, онаа што најмногу ме фасцинираше беше готвењето“, вели Галдамез, која е готвачка на локација за имигрантската храна во близина на Белата куќа. Галдамез е имигрантка од Ел Салвадор.

Таа се преселила во САД пред околу 20 години. Работела на многу работни места. Но, готвењето ѝ го освоило срцето.

„Овој ресторан е спој на сите земји во светот“, вели Галдамез.

Преку нејзиното мени, имигрантската храна ја истакнува различноста на културите во САД. Секое јадење раскажува приказна. Без разлика дали Галдамез готви рецепти од Венецуела или Индија, таа сака сите да се чувствуваат добредојдени.

„Кога ќе дојдете овде, како да доаѓате дома“, објаснува Галдамез.

Идејата на коосновачите на „Имигрант Фуд“ е место каде што ќе се чувствувате како дома. Но, исто така, се фокусира на прашања за имигрантите.

Ресторанот често соработува со локални непрофитни организации за да ги поддржи имигрантите, притоа нагласувајќи ја потребата од сеопфатна имиграциска реформа.

„Помислив дека е неверојатен, иновативен начин да се вклучи социјална мисија во бизнис на начин на кој не сме виделе дека е направен порано“, вели Теа Иванович, која се преселила во САД од Белгија како меѓународен студент.

Коосновачот Питер Шехтер вели дека приказната за имигрантите денес не е толку различна од времето кога неговото семејство се преселило овде од Италија.

„Мислам, суштински е да дојдете да барате подобар живот, да барате подобро образование за вашите деца, поголеми можности, а понекогаш и да избегате од прогон и вознемирување. Прогон во нивните матични земји“, вели Шехтер.

Шехтер додава дека би требало да биде лесно да се комбинираат пограничната безбедност и легалната имиграција, а истовремено да се има хумана визија.

„Треба да најдеме начин да ги измениме и модернизираме нашите закони за имиграција, за да можеме да ја имаме безбедноста што ѝ е потребна на Америка како земја. На секоја земја ѝ треба безбедност, граници и луѓе кои ќе ги контролираат, но во исто време треба да имаме хуман, ефикасен закон за имиграција“, објаснува Шехтер.

Катрин Гарсија е помошник- генерална директорка во „Имигрант фуд“.

„Дојдов во САД пред три години. Утре, официјално е три години“, вели Гарсија, која е по потекло е од Венецуела. Таа вели дека заработувала 20 долари месечно, што не било доволно за живот.

„Значи, земав виза, пасош и дојдов овде“, вели и додава дека во рок од шест месеци, вели таа, се вработила во „Имигрант Фуд“.

„Адвокатите за азил (се) многу скапи. Затоа треба да работам напорно“, вели Гарсија.

Галдамез, Гарсија, Шехтер и Иванович се имигранти со различно минато, но велат дека заедно во „Имигрант Фуд“ создаваат нов живот за себе, за своите семејства и за околината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG