Линкови за пристапност

Рекорден недостаток од лекови во САД


Рекорден недостаток од лекови во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:07 0:00

Пациенти ширум светот сè уште се соочуваат со недостиг на лекови после пандемијата на ковид-19. Универзитетот на Јута откри дека недостигот на лекови во САД достигнал рекорд минатата година, со 309 дефицитарни лекови. Известува Керолин Пресути.

Тони Дезомитс во редок момент на тишина. Најчесто таа пешачи во природа, само неколку месеци по борбата да го победи ракот на јајниците по вторпат.

Таа имала борба од поинаков вид. Пензиониран полициски началник во Кери, Северна Каролина, исто така, таа е ветеран на операцијата „Пустинска бура“ во Ирак.

„Мојата единица беше 528 баталјон за поддршка на специјални операции“, раскажува Дезомтис.

Сега, земјата за која се борела не може да ѝ ги обезбеди на нејзината докторка потребните лекови за да ја излечи.

„Таа влезе малку збунета и рече: 'Имам навистина лоши вести. Нема да можете да го добиете вашиот карбоплатин утре'.“, додава Дезомтис.

Дезомитс не е единствена. Универзитетот на Јута откри дека недостигот на лекови во САД достигнал рекорд минатата година, со 309 дефицитарни лекови.
Мнозинството се евтини генерички лекови како карбоплатин.

Лора Бреј ја основала Angels for Change (Енџелс фор чејнч) со седиште во Флорида, непрофитна организација која работи да се стави крај на недостигот.
Таа го пронашла лекот карбоплатин, кој ѝ бил потребен на Дезомитс. Групата обезбедува цели болници, со цел лекарите да избегнуваат тешки одлуки за болните пациенти.

„Тука се купувачот, фармацевтот, главниот медицински службеник - тие отвораат досиеја и велат: „Кој ќе го добие ова, а кој не?“ Тоа е нашата моментална стратегија за ублажување на недостигот во САД“, вели Бреј.

Конгресот го следи ова.

„Не можевме да третираме 90% од пациентите според планираното кои требало да го примат лекот“, вели лекарот Стивен Шлајхер. .

Експертите за недостигот ја обвинуваат ниската цена. Еве како тоа функционира - генерички лек бара опширно тестирање и развој. Потребни се точни протоколи за производство и регулаторно одобрение од Администрацијата за храна и лекови на САД.

И тогаш, велат експертите, пазарот ја принудува цената да се намали на помалку од цена за едно шише вода.

„Овие ниски цени го намалуваат поттикот и способноста на производителите да инвестираат во квалитетни или понови капацитети. Тоа го турка производството кон офшор“, објаснува Алан Кукер, експерт за јавно здравје.

Тоа значи Индија, каде што Администрацијата за храна и лекови на САД неодамна блокираше дел од увозот поради проблеми со квалитетот, или Кина, голем снабдувач на американските лекови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG