Линкови за пристапност

Речиси 24 милиони имигранти во САД се со право на глас


Речиси 24 милиони имигранти во САД се со право на глас
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Во САД, речиси 24 милиони имигранти имаат право да гласаат на претседателските избори во ноември, според анализата на Центарот за истражување Пју на податоците од американскиот попис. Нивните гласови ќе имаат значаен удел во резултатите. Известува Џеф Свикорд.

Лабан Сејум работи долги часови управувајќи мала компанија за камиони во Мериленд. Тој со семејството дошол во САД во 2000 година за да избега од војната меѓу Етиопија и Еритреја. Сејум вели дека е фискален и социјален конзервативец и голем поддржувач на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

„Кога претседателот Трамп беше на власт, тоа беше неверојатен тип на бизнис. Знаете, пазарот беше одличен, можностите за работа беа одлични, а луѓето беа оптимисти“, вели Сејум, кој е регистриран републиканец кој се имал кандидирано за американски сенатор на Мериленд.

Тој вели дека бизнисите како неговиот ги чувствуваат високите цени на горивото, за што ги обвинува демократите.

„Во моментов, за жал, со цените на бензинот, кој се движи околу 5 за дизелот, околу 5,50 долари, го прават овој бизнис многу непрофитабилен“, смета Сејум.

Разбирајќи дека нестабилните глобални цени на нафтата зависат од сложена комбинација на фактори, Сејум вели дека Трамп го има одговорот.

„Трамп ни го покажа патот да го направиме тоа. Дупчите и потоа се натпреварувате. Не треба да истражуваме други идеологии“, категоричен е Сејум.

Фатмата Бари поинаку гледа на овие избори. Таа дошла во САД од Сиера Леоне кога имала 11 години. Бари дипломирала право, работи како организатор во заедницата и активист за граѓански права, и е извршна директорка на Одборот за полициска одговорност во округот Монтгомери, Мериленд.

Таа гласа за Камала Харис.

„Мислам дека потпретседателката Камала Харис е народска личност. Таа е личноста што ни треба во моментов за да го премости јазот во оваа земја“, вели Бари и додава дека е загрижена ако Трамп да биде повторно претседател.

„Страв ми е. Стравот од имигрантите повторно започнува. Стравот од црните и кафеавите луѓе повторно започнува. И тешко е кога личноста на врвот го предводи тоа, така што сите други се чувствуваат удобно“, вели Бари.

Бари е волонтерка во локална банка за храна и вели дека придобивките во американската економија не се подеднакво од корист за сите.

„Контрастот во основа е дека врвот, што е 0,1%, ги има сите пари, а ние останатите ќе се мачиме ако гласаме за Трамп. А нацијата никогаш не била така поставена. Америка стана Америка поради работата што ја работеа работниците во оваа земја“, смета Бари.

Истражувачкиот центар „Пју“ вели дека натурализираните граѓани сочинуваат околу 10 отсто од гласачкото тело во САД, а повеќето од тие гласачи се тука повеќе од 20 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG