Линкови за пристапност

Различни реакции за одлуката на Мета да ја укине проверката на фактите од трета страна


Различни реакции за одлуката на Мета да ја укине проверката на фактите од трета страна
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Различни реакции после одлуката на Мета да ја укине проверката на фактите од трета страна. Извршниот директор на Мета објави дека ќе има поширок опсег на слобода на говор на „Фејсбук“ и другите платформи. Известува Мишел Квин.

Ако има една технолошка компанија која привлекува жестоки критики од новоизбраниот претседател Доналд Трамп, тоа е Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм.

По изборите во САД, Мета работеше на подобрување на односите со Трамп додека тој се подготвува да се врати во Белата куќа. Компанијата даде еден милион долари на фондот за инаугурација на Трамп.

Извршниот директор на Мета Марк Закерберг најави промени за да се осигура дека ќе има поширок опсег на слобода на говор на Фејсбук и на другите платформи на Мета. Трамп и другите конзервативни лидери долго време го обвинуваат Фејсбук за цензура.

„Време е да се вратиме на нашите почетоци околу слободното изразување на Фејсбук и Инстаграм“, изјави Закерберг.

Трамп ја одобри изјавата на Мета.

„Искрено, мислам дека тие направија значителен напредок“, рече Трамп.

Во САД, Фејсбук ќе престане да ја користи алатката проверка на факти спроведувана од трета страна. Наместо тоа, корисничката заедница ќе дискутира за објавите. Ќе бидат укинати ограничувањата за теми како што се имиграцијата и родовиот идентитет.

Ваквите промени предизвикаа различни реакции.

„Веројатно тоа ќе има штетни влијанија. Веќе знаеме дека жените, луѓето кои не се белци, ЛГБТ+ заедниците, како и другите групи како климатолозите и активистите, се соочуваат со навистина голема количина на дискриминација и омраза и напади на интернет“, посочува Ава Ли од „Глобал Витнес“ – организација за човекови права.

И додека на Фејсбук може да има поконзервативна содржина на краток рок, поголемото прашање е дали технолошките милијардери ја контролираат содржината на нивните интернет страници.

„Која и да е разновидноста или слободата што сега ја забележувате или искусувате на овие платформи, конкретно на Мета, тоа е многу слабо ниво на слобода на говор. Навистина не се заснова на никаква заштита“, вели Даниел Кокрејн од Фондацијата Херитиџ.

Закерберг рече дека ќе работи со администрацијата на Трамп за да се залага за слобода на изразување на глобално ниво.

„Ќе работиме со претседателот Трамп за да ги вратиме владите ширум светот“, рече Закерберг.

Сепак, усогласувањето со администрацијата на Трамп за слободата на говор е веројатно дел од стратегијата на технолошката индустрија за постигнување на своите долгорочни цели, како што е влегувањето на кинескиот пазар.

„На овој начин се добива многу моќ на геополитичкото позиционирање“, смета Кејт Клоник од Универзитетот „Сент Џон“.

Фејсбук се очекува да ги примени овие промени во наредните недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG