Линкови за пристапност

Производството на електронските чипови дел од изборните битки во САД 


Производството на електронските чипови дел од изборните битки во САД 
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Американската високотехнолошка индустрија ги разгледува претседателските кандидати и нивните приоритети во врска со полуспроводниците. Администрацијата на Бајден неодамна најави голема инвестиција во индустријата. Известува Каролин Пресути.

Тие се во нашите телефони, нашите електрични автомобили. Нашите сателити, па дури и во фрижидери. Полуспроводници. Измислени во САД. Но, сега, само околу 12 проценти од чиповите се направени во Америка

„Американското производство се врати!“, рече претседателот Џо Бајден.

Преку неговиот закон за чипови, претседателот Бајден водеше кампања со шест милијарди долари федерални грантови за новите фабрики на Микрон во Њујорк и Ајдахо.

Додадени на 125 милијарди долари што ги има Микрон, Бајден вели дека тоа е најголемата приватна инвестиција досега во двете сојузни држави.

„Луѓе, мојот претходник и неговите пријатели републиканци МАГА имаат многу поинаков став. Тие се противат на законот за полуспроводници што го поттикнува овој раст денес. Мораме да ја запреме оваа поделба. Ветувам дека ќе бидам претседател на цела Америка, без разлика дали сте гласале за мене или не. Денешната инвестиција им помага на Американците насекаде“, истакна Бајден.

За време на неговиот претседателски мандат, Доналд Трамп побара од тогашниот извршен директор на Интел да го најави проектот за чипови од седум милијарди долари на неговата компанија од Овалната канцеларија.

Но, немаше владини пари за поддршка на проектот. Субвенционирањето на компаниите за полуспроводници е прилично нова политика и, велат експертите, токму тука се разликуваат двајцата претседателски кандидати.

„Во 2015 година, ако ги прашавте повеќето Американци, ако ја прашавте администрацијата на Обама дали им е потребна регулативата за чипови тие би рекле дека не, и оти сè е во ред. Ова беше само неодамна, а администрацијата на Трамп ги смени нашите ставови кон Кина. Оваа администрација, сепак, беше онаа која всушност можеше да спроведе некои корисни планови“, посочува Џејмс Луис од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Трамп, како претседател, се справи со кинеската закана на поинаков начин - тој користеше тарифи.

„Ја оданочивме Кина за стоки и производи во вредност од 300 милијарди долари што се продаваат во нашата земја, а Кина e фрустрирана“, изјави Трамп.

Педесет милијарди од тоа беа за високотехнолошки предмети. Неодамна во кампањата, Трамп како кандидат рече што би направил во вториот мандат…

„Ќе го отповикам најпретпочитаниот трговски статус на Кина“, додаде Трамп во декември лани.

Откако беше воведен, законот за полуспроводници на Бајден поттикна 83 проекти, што на крајот го зголеми уделот на САД во производството на полуспроводници.

Луис вели дека доколку Трамп биде реизбран, ќе треба да го имплементира вториот дел од законот за чипови за да продолжи со тие напори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG