Жан Карлос Молина, неговата сопруга Роуз Мери и нивните десетгодишни близнаци спијат на оваа плажа во Некокли, Колумбија. Тука близнаците добиле сипаници. Трагите сè уште се видливи на нивните лица и на раце.
Додека биле болни, децата ги молеле родителите да си заминат оттука. После еден месец живеење вака почнале да продаваат кафе на други мигранти. Малку по малку до заштеда – кафе за 25 центи, има плус од цигари и бонбони. За храна се размислува подоцна.
„Понекогаш за да заштедиме, бидејќи јадењето овде е скапо, се трудиме да јадеме многу малку. Децата добро јадат, но ние се обидуваме да намалиме. Да не зборуваме за грижите, стресот, работата...“, вели Карлос.
Немаат доволно пари за да продолжат по Дариенски Расцеп, тоа е густа шума низ која мигрантите мора да платат 350 долари за да поминат преку неа и да пристигнат до Панама и да продолжат на север кон границата со САД.
Властите во Панама проценуваат дека минатата година повеќе од 113 илјади деца поминале преку Дариенски Расцеп.
Со ограничен пристап до хигиена и чиста вода, децата се поранливи на здравствените ризици од миграцијата и живеењето на отворено.
На плажите на Некокли се забележуваат осипи на кожа, изгореници од сонце, инфекции. Често има дијареја и респираторни вируси.
Гласот на Америка беше со персоналот на Црвениот крст додека ги прегледуваше децата кои живеат на песок.
Facebook Forum