Линкови за пристапност

Предците на Камала Харис потекнуваат од село близу Њу Делхи


Предците на Камала Харис потекнуваат од село близу Њу Делхи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Кандидатурата на американската потпретседателка Камала Харис за претседател на САД предизвика мешани реакции во Индија. Некои се возбудени поради нејзиното индиско потекло, некои знаат малку за неа, а за други ова е уште една пресвртница за дијаспората. Ањана Пасрича известува од Њу Делхи.

Од селото на нејзините предците во Јужна Индија до главниот град Њу Делхи, кандидатурата на Камала Харис за претседател на САД анимираше многумина во Индија. Харис е ќерка на мајка Индијка и татко од Јамајка.

„Се разбира, тоа е чувство на гордост за нас, да се биде жена прво, а потоа и од индиско потекло, е навистина добро чувство“, вели Нандита Сони, жителка на Њу Делхи.

„Тоа е голема возбуда за некој како мене – обична девојка во градот“, додава Симран Синг, жителка на Њу Делхи.

Харис не е единствената индиска врска со американската претседателска трка. Уша Венс, сопруга на републиканскиот кандидат за потпретседател, има индиско потекло. Многумина во Индија не знаат за неа. Оние кои знаат, го гледаат тоа како почит кон земја каде имигрантите може да остават белег.

„Тоа што двете имаат улога во изборите е многу добра работа за нашето индиско потекло и дијаспора, но мислам дека тоа е многу поважно за американскиот систем“, вели Шијам Баџпаи, жител на Њу Делхи.

Сепак, недостасува еуфоријата од пред четири години, кога Харис стана потпретседателка. Некои велат дека таа не го истакнала многу својот индиски идентитет.

„Да бидам многу искрен, не слушнавме многу за неа во Индија, бидејќи можеби како потпретседателка, нејзините врски со Индија не беа толку одлични, не добивавме многу вести за неа“, вели Прадеп Бхаргава, жител на Њу Делхи.

Можеби тоа е причината зошто многу млади Индијци прашуваат која е Камала Харис

„Мислам дека не е на социјалните мрежи. Повеќето вести ги добивам само од социјалните мрежи. Не гледам многу канали за информации“, вели Симар Каур, студентка.

„Не, не знам за неа“, додава Сант Каур, исто така студентка.

Оние кои ја следат изборната трка во САД ја гледаат кандидатурата на Харис како уште една огромна пресвртница за индиската дијаспора во западните земји - поранешниот британски премиер Риши Сунак, исто така, има индиско потекло.

„Со Обединетото Кралство и сега Америка, Индијците се секаде и тоа е добро“, вели Нандита Сони, жителка на Њу Делхи.

„Отсекогаш бевме многу горди на нашите индиски колеги кои се снаоѓаа толку добро во Америка како врвни извршни директори и претседатели на различни компании“, додава Бхаргава.

Професорката по историја Арчана Оџа го поврзува подемот на Харис со зголеменото влијание на индиските Американци - етничката група со најголема заработувачка во САД.

„Во однос на населението, можеби не сме многу што се однесува до САД, но останува фактот дека економски тие се многу моќни, така што во одреден момент ова требаше да се случи. Тоа што се случи сега е изненадување“, вели Оџа.

Без оглед на причината, Индијците навиваат за нејзиниот успех.

„Сакам таа да победи и да го истакне профилот на Индија во светот“, вели Винај Синг, жител на Њу Делхи.

Тоа е она што селото на предците на Харис се надева дека ќе се случи додека навива за нејзина победа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG