Линкови за пристапност

Прецизното атомско мерење на времето под удар на климатските промени


Прецизното атомско мерење на времето под удар на климатските промени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Не само што климатските промени се одговорни за порастот на нивото на морето и случаите на екстремни временски услови, туку и новата рецензирана студија сигнализира дека може да влијае и на глобалното мерење на времето. Вероника Балдерас Иглесијас ги има деталите.

Прецизното мерење на времето во денешно време се постигнува со употреба на околу 400 атомски часовници ширум светот.

Таканареченото Координирано универзално време е сложена пресметка направена од Меѓународното биро за тежини и мерки и се одржува во согласност со ротацијата на Земјата, која има тенденција да варира.

„Во 70-тите беше одлучено дека не дозволуваме разлика поголема од една секунда меѓу атомското време и ротацијата на Земјата. Додаваме престапна секунда кога ќе видиме дека поместувањето е блиску до една секунда“, вели Патриција Тавеа од Меѓународното биро за тежини и мерки.

Мерачите на времето од 1972 година додадоа 27 пати престапни секунди на Координативното универзално време. Но, веќе неколку години се шпекулира дека може да биде потребно и одземање на секунда. Тоа се нарекува негативна престапна секунда. Во свет кој работи на час, ваквите промени може да предизвикаат пречки.

„Понекогаш тие прекини беа прилично лоши, бидејќи компјутерите почувствуваа дека нешто не е во ред и престанаа да функционираат. Не знаеме за таков проблем, дали ќе се влоши кога ќе направиме негативна престапна секунда“, вели Демитриос Мацакис, пензиониран научник.

Но, новото истражување во списанието „ Nature“ вели дека климатските промени можеби ја одложиле потребата за негативна престапна секунда.

„Стана потопло на Арктикот, и затоа има големо топење на мразот што излегува во океанот и се шири низ целиот свет. Ефектот на глобалното затоплување е забавување на Земјата повеќе отколку што инаку би забавила“, додава Данкан Агњу од Универзитетот во Калифорнија.

Забавувањето значи дека ако е потребна негативна престапна секунда, најраниот можен датум се поместува од 2026 година на околу 2029 година.

Тој навидум позитивен ефект, сепак, не е толку важен во споредба со негативните ефекти од климатските промени, како порастот на нивото на морето, истакна Агњу. Геофизичарот Џефри Парк од Универзитетот Јеил се согласува со него.

„Ова е доказ дека всушност процесите на глобалното затоплување со топење на поларните ледени плочи всушност влијаат на оваа многу основна карактеристика на нашата планета: нејзината ротација. Промените се многу мали, но се мерливи“, смета Џефри Парк од Универзитетот Јеил.
.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG