Линкови за пристапност

Празнина од половина милион градежни работници во САД


Празнина од половина милион градежни работници во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:45 0:00

На Соединетите Држави им е очајна потребата од градежни работници, велат од групацијата за градежништво. Непрофитните организации тврдат дека новодојдените мигранти би можеле да помогнат. Но, не се согласуваат сите. Јоти Реки известува од Њујорк. 

Вторник наутро во центарот за вработување на заедницата Ла Колмена Стејт Ајленд. Непрофитната организација во Њујорк им помага на работниците имигранти да добијат обука за работа.
Дваесетгодишната Еквадорка Мерилин Виламар е меѓу неколкуте новопристигнати избрани од долгата листа на чекање за обука за безбедност на градилиштето. Прописите на Њујорк бараат посетување на часови. Ла Колмена вели дека тие обично чинат помеѓу 600 и 1.000 долари, но организацијата ги нуди бесплатно на шпански јазик.

„Оваа програма ми помогна со тоа што ми даде можност. Сакам да се вработам во градежништво”, вели Виламар.

Градежната индустрија ќе мора да донесе повеќе од половина милион дополнителни работници во 2024 година за да ја задоволи побарувачката, според трговската групација Поврзани градители и изведувачи. Тоа е на врвот на нормалното темпо на раст на индустријата од околу 200.000 до 300.000 работници годишно.

„Пандемијата поттикна многу луѓе да се пензионираат предвреме и со недоволен прилив од помлади работници и помлади луѓе во градежништвото, ќе имате структурен недостаток”, посочува Анирбан Басу од Асоцијацијата на градители и изведувачи.

Недостаток за кој Ла Колмена верува дека мигрантите можат да помогнат да се реши.

Но, некои локални политичари веруваат дека трошењето на парите на даночните обврзници на новодојдените мигранти е неправедно кон американските граѓани.

„Не гледам како некој со здрав ум мисли дека тоа е добра политика за Соединетите држави. Разбирам дека има луѓе кои сакаат да работат, но има и многу Американци исто така, кои сакаат да работат. Да се обидеме да им помогнеме”, вели Вито Фосела, жител на САД.

Градоначалникот Ерик Адамс вели дека Њујорк е подготвен да потроши повеќе од 12 милијарди долари до јуни 2025 година за да ја ублажи кризата со барателите на азил.
Повеќето експерти велат дека почетната цена за интеграција на мигрантите во заедницата може да биде висока, но долгорочните социјални и економски придобивки често ги надминуваат тие инвестиции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG