Куќен привор добија четворицата осомничени за упадот во зградата на М-НАВ што се случи на 4 јануари, при што беа нападнати контролори на летање додека на македонското небо имало меѓународен авио-сообраќај.
Оваа одлука ја донесе Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, откако Јавното обвинителство поднесе жалба против решенијата на судиите од претходна постапка, а со која на осомничените им беа определени само мерки на претпазливост за случувањата во М-НАВ.
„Советот ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: Жалбите на Јавниот обвинител делумно се прифаќаат“, се вели во соопштението од Кривичниот совет на судот.
Конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулатаСоопштение од Кривичниот совет
Според новото репение на четирите лица им се опредлува мерка куќен притвор во траење од 30 дена како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот.
Од судот воедно додаваат дека физичкиот напад врз контролори не се случил во шросторијата каде што се врши навигација на авиосообраќајот.
„Според сите досега доставени факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата. Но, како што нагласивме во претходното соопштение, факт е дека осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката сосотојба“, се вели во соопштението од Кривичнот совет.
Судија на претходна постапка во скопскиот Кривчен суд претходно им одреди мерки на претпазливост на четворицата осомничени за упадот во зградата на Контрола на летање на скопскиот меѓународен аеродром.
Во нападот учествувале осуммина, од кои четворица се сè уште во бегство.