Линкови за пристапност

Инцидентот во М-НАВ дојде и до НАТО


За упадот и инцидентот во контролата на летање реагирал и НАТО. Високи претставници на Алијансата се интересирале за случајот. Во тој период на македонското небо биле два авиона на НАТО-членки поради што и имало засилена комуникација на релација Брисел-Скопје. „Алијансата сакаше да знае што се случува“, вели министерката за одбрана.

„Кога зборуваме за НАТО да не заборавиме дека и ние сме НАТО. Комуникацијата која ја имаме на секојдневна основа, но на различни нивоа - дека биле поставувани прашања во рамки на тоа што се случува асполутно, да. Официјална писмена реакција, барем до Министерството за одбрана нема. Меѓутоа, секој вид на комуникација ние го сметаме можеби не за загриженост, туку за заинтересираност за тоа што се случува што е сосема легитимно. Во тој момент на тој ден, на аеродромот во Скопје слетаа два авиона од НАТО-земји членки со определена намена, така што јасен е интересот на земјите членки на НАТО кои што го изразуваат ова. Многу е важно, кога што и да се случи како оваа ситуација во М-НАВ, да постои реакција и да постои соодветно постапување“, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

И шефот на државата, во јавен настап, исто така потврди дека случувањата во М-НАВ, која е дел од критичната инфраструктура на земјата, ги вознемириле дипломатите, но и НАТО.

И НАТО загрижен за инцидентот во М-НАВ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

„... Кога се случи инцидентот, покрај од амбасадите имаше реакции и од високи претставници на НАТО, чии прашања беа во насока на тоа дали е безбедно македонското небо и за авионите на НАТО“, изјави Пендаровски.

Брисел пак, преку својот амбасадор, потсети дека Македонија, земја која е дел од процесот на пристапување кон ЕУ, преземала обврски во сферата на воздушната навигација како професионалност на кадри и независност на институции и кои мора да ги исполни.

„Јасно е дека постојат обврски кога станува збор за воздушната навигација и обврските кон Европската унија во поглед на имплементирањето на тие обврски. Тука се вклучува гарантирањето на независноста на телото кое е одговорно за воздушната навигација, а второто се однесува во поглед на регрутирањето и ангажирањето дека се исполнети правните прашања и дека човечките ресурси се користат на начин што ќе ја гарантира безбедноста, исплатливоста и ефикасноста на самата служба за водушна навигација“, изјави европскиот амбасадор, Дејвид Гир.

Вчера, од Делегацијата на ЕУ изразија загриженост за случувањата во воздушната навигација и повторија дека очекуваат „надлежните институции брзо да ги истражат наводите за кронизам во вработувања во овие служби, како и несоодветните надворешни влијанија“.

XS
SM
MD
LG