Линкови за пристапност

После Франција, Шји Џинпинг е во посета на Србија и Унгарија


После Франција, Шји Џинпинг е во посета на Србија и Унгарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг ја заврши дводневната посета на Франција - негова прва посета на Европа по пет години. Кина и Европа се обидуваат да ги поправат односите, но се соочуваат со големи пречки - вклучувајќи трговски спорови и поддршката на Пекинг за Русија. Известува Хенри Риџвел.

Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот го покани својот кинески колега високо на планинскиот масив Пиринеи, родното место на бабата на францускиот лидер.

Тоа беше прва посета на Шји Џјинпинг на Европа во последните пет години, кога односите се влошија. Европа го обвинува Пекинг дека субвенционира индустрии кои ги намалуваат нејзините сопствени компании - во области како електричните возила.

„Тоа е желба за меѓусебно почитување и разбирање и желба да продолжиме да ја отвораме трговијата, но да се осигураме дека таа е целосно фер во секое време, без разлика дали во однос на тарифите, помошта или пристапот до пазарите“, изјави францускиот претседател, Емануел Макрон.

Шји не направи отстапки веднаш, вели аналитичарот Стив Санг.

„Шји Џјинпинг не чувствува дека Кина има проблем со прекумерен капацитет. И тој смета дека европската позиција за кинеските електрични возила, на пример, е неразумна. Но, се разбира, тој исто така се обидува да се ангажира со Французите и потенцијално да има водечки кинески производител на автомобили со фабрики во Франција“, вели Стив Санг, директор на Инстутот за Кина .

Западните земји ја обвинуваат Кина дека ја помага руската инвазија на Украина - преку зголемена трговија и продажба на стоки со двојна употреба, што може да се користат за производство на оружје. Претседателот Шји ги отфрли тие обвинувања.

„Кина не е ниту креатор на кризата, ниту страна, учесник во војната. Сепак, ние не го гледавме пожарот како гори преку реката, туку игравме активна улога во постигнувањето мир“, рече кинескиот претседател Шји Џинпинг.

Тоа е категорично лажно - и европските лидери мора да заземат поостра позиција, вели аналитичарот Игор Мерхајм-Ејр.

„Она во што навистина не успеаја е да му кажат на Шји Џјинпинг колкава ќе биде цената на Кина за поддршка на руската агресивна војна - што е очигледна. Мислам, ако не беше, ние веќе немаше да имаме четири кинески компании на листата на санкции на ЕУ. А заобиколувањата се многу пошироки. Кинескиот извоз во Русија се зголеми од година в година за околу 45 проценти“, изјави аналитичарот Игор Мерхајм-Ејр.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го повика Пекинг да го искористи сето свое влијание врз Русија.

„Се согласуваме дека Европа и Кина имаат заеднички интерес за мир и безбедност“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Европа треба да биде пореална за амбициите на Пекинг, вели аналитичарот Мерхајм-Ејр.

„Каде и да погледнам, од Африка, Јужното Кинеско Море до Украина, Кина игра деструктивна улога и не гледам заеднички области на интерес за овие прашања“, рече Мерхајм-Ејр.

Шји пристигна во вторникот вечерта во Србија - клучен балкански партнер во инвестициската програма на Пекинг „Појас и пат“.

Подоцна оваа недела, Шји се упатува кон Унгарија, неговиот најблизок европски сојузник, и долгогодишен проблем на единството на ЕУ за политиката на Русија и Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG